Одлично место за забава, учење и дружење за време на летниот одмор
2.25-odlicno-mesto-za-zabava-ucenje-i-druzenje-za-vreme-na-letniot-period-intro.png
Иако училишната година е при крај, тоа не значи дека учењето преку забава и дружење мора да заврши за време на летниот период. Доколку сакаш твоето слободно време да го исполниш со корисни и интересни активности, на веб-сајтот www.mediaart.mk можеш да дознаеш многу повеќе за програмата која ќе ја спроведува ново отворениот центар за деца од 4 до 12 години.

Објавено во: Колибри, Нова Македонија
Датум на објавување: 11.05.2010, вторник

„Медиа Арт“ центарот може да воведе нова димензија во твоето секојдневие и ќе ти овозможи  да напредуваш во многу полиња и да стекнеш здрави навики. Преку воншколски работилници кои ќе ги посетуваш секојдневно ќе напредуваш во полето на компјутерските вештини, англиски јазик, македонски јазик, креативно читање и пишување, а секако и физичката активност не е изоставена. На веб-сајтот на центарот, во согласност со твоите родители можеш директно да аплицираш за вклучување во програмата или пак да оствариш контакт со одговорните лица.

2.25-odlicno-mesto-za-zabava-ucenje-i-druzenje-za-vreme-na-letniot-period.png

Ова може да ти претставува одлично место да запознаеш нови другарчиња и преку совладување на програмата која ќе ја посетуваш, подоцна ќе можеш со голема леснотија да си извршуваш и училишните задачи.