Зачлени се во клубот на пингвините – стани и ти пингвин
club-pinguin-intro.png Замисли си онлајн средина во која можеш да се чувствуваш тотално безбедно, додека истовремено ги имаш сите можности за дружење, забавување и играње. Таква средина постои и згора на сè е место во кое сите се пингвини, а твоето приклучување ќе те направи и тебе еден од нив. Клубот на пингвините прима членови кои сакаат да бидат безбедни, кои ги почитуваат правилата за несподелување на лични податоци онлајн и кои не се служат со измама и навреди во комуникацијата со другите.

Објавено во: Колибри, Нова Македонија
Датум на објавување: 09.02.2010, вторник
Од овие причини, твоите родители може да ти дозволат зачленување во клубот, секако доколку претходно заедно се согласите под кои услови ќе се активираш во овој нов свет. Ако го поминавте успешно отворениот разговор, можеш да пристапиш кон избирање на твое пингвин-име и одредување на твојата физичка појава. Пред сосема да влезеш во оваа нова интересна средина, мора да потврдиш дека твоите родители ти даваат согласност за тоа, па некој од нив ќе треба да го направи тоа преку имејл. Потоа, пред тебе се отвораат нови искуства: игра, дружење со други пингвини, забава...

club-pinguin.png

www.clubpenguin.com е веб-сајт кој ќе ти открие многу игри од Дизни. Некои од нив не се бесплатни за користење, но тоа не ја прави забавата помалку интересна.