Насловна
Ресурсен центар за родителите – едукација, совети и родителска контрола Испечати Е-пошта

Децата го користат интернетот секојдневно поради различни причини – некогаш за да комуницираат со другарчињата, сè почесто за да најдат некоја информација која им е потребна за на училиште, а најчесто, чисто заради забава. Никако не треба да им ги забранувате ваквите активности на вашите деца, но не значи пак и дека не треба да бидете заинтересирани и загрижени за тоа што тие го прават додека се онлајн.

Децата денес, дури и повеќе се снаоѓаат со компјутерите од возрасните. Но, токму поради тоа треба повеќе да се потрудите, пред сè, да се информирате за можностите и опасностите на интернетот, а дури потоа да преземете чекори со цел поголема заштита на вашето дете додека е онлајн. Најпрво, вие треба да ги знаете основните начини за заштита на компјутерот кој го користите вие и вашите деца, а потоа и да им посочувате на можните опасности кои можат и се случуваат на интернет. Најважно е да ја ограничувате нивната онлајн активност според нивната возраст. Ова можете да го правите на начин кој според вас е соодветен, бидејќи ваквото ограничување, иако заради нивна заштита, може да претставува и нарушување на нивната приватност, слобода и право на избор. Вие треба да го пронајдете вистинскиот баланс помеѓу овие две работи, а во согласност со возраста, условите и самите деца.
 
 
 
Заштитете го вашиот компјутер

Доколку на еден компјутер се користи интернет, многу се големи шансите ненамерно да се закачи некој штетник за системот, кој може да прави некаква штета во позадина, без вие воопшто да знаете за тоа. Истово се случува и при размена на фајлови од еден компјутер на друг, на било кој начин. За таа цел, потребно е да преземете неколку чекори во насока на заштита на системот кој го користите, а некои од нив ќе треба и редовно да ги практикувате. 
 
   
 
Совети кои треба да им ги упатувате на вашите деца

Децата треба што повеќе да ги истражуваат можностите на интернетот и да уживаат во неговите позитивни аспекти. Секако, нужно е притоа тие да останат претпазливи, да бидат разумни и послушни за советите кои вие им ги упатувате. Покрај совети кои директно можат да повлијаат на нивната безбедност, од не помало значење се и следните неколку кои конкретно се однесуваат на некои, навидум, безопасни активности на интернет, кои сепак може да предизвикаат штета на системот, а со тоа и да допринесат во крадењето на дел од вашите или нивните лични податоци.
 
 
 
Родителска контрола

Софтверите за родителска контрола им овозможуваат на родителите да избираат игри кои нивните деца можат да ги играат, да дозволуваат апликации кои можат да ги користат и веб-сајтови кои смеат да ги посетуваат. Исто така, со помош на ваквите програми и алатки, родителите можат да специфицираат и временски периоди кога децата смеат да го користат компјутерот, а забраните да останат и кога тие нема да бидат дома. На тој начин, тие можат да бидат сигурни дека децата не си играат на компјутер, наместо да пишуваат домашни задачи.
 
 
 
Политика на приватност   Техничка имплементација - Фондација Метаморфозис
Joomla Templates by JoomlaShack Joomla Templates