Насловна
Уште 4 скопски училишта опфатени со проектот за безбедно користење на интернет од страна на децата Испечати Е-пошта
lazo-3-mala.png Со едукации за безбедно користење на интернет беа опфатени вкупно 8 училишта од Скопје, од кои во 2 наставата се изведува на албански јазик, а во останатите 6 на македонски. Од сите нив, во 3 едукацијата ја спроведоа обучените претставници од „Отворете ги прозорците“, во 2 - претставници од „Младинскиот образовен форум“ (МОФ) од Скопје, додека за останатите 3 училишта одговорноста ја имаше првата Детска амбасада во светот – „Меѓаши“.

МОФ ги реализираше едукациите во основното училиште “Јохан Хајнрих Песталоци“ и во средното училиште „Орце Николов“. Во двете училишта, едукацијата се спроведе на македонски јазик.

Нина Меловска ја заврши работата во ОУ “Ј.Х. Песталоци“ каде учество на едукациите земаа 71 ученик од петто и шесто одделение и 21 наставник, додека едукацијата за родителите не се спроведе поради недоволен интерес од нивна страна за организирање на ваква средба.

Секоја едукативна средба беше со времетраење од 45 минути. На едукациите за децата се презентираше едукативниот материјал и се одржуваа вежби за чет комуникација во кои учествуваа самите ученици. Децата покажаа заинтересираност за темата, исто како и наставниците кои поставуваа многу дополнителни прашања. Едукацијата за родителите би требало да се спроведе на почетокот на наредната учебна година.

pestaloci-1-mala.png pestaloci-2-mala.png pestaloci-3-mala.png
 
Средното училиште „Орце Николов“ исто така беше вклучено во едукација за безбедно користење на интернет. Овде едукациите ги спроведе Сања Стојановска, исто така на македонски јазик.

Се одржаа две едукативни средби за ученици од 4 класа. Опфатени се 66 ученика. Во едукацијата за наставниците, учество земаа 34-ица, додека на средбата за родителите, присуствуваа 7. 
 
orce-nikolov,-skopje-1-mala.png orce-nikolov,-skopje-2-mala.png orce-nikolov,-skopje-3-mala.png
 
По иницијатива на еден од професорите на „Американ колеџ“, прилагодена презентација на оваа тема, проширена со дополнителни информации на слични теми, исто така е одржана од страна на едукаторот. Оваа едукација ја проследија 10-15 студенти од прва година.

Секоја од групите ученици во двете училишта се здоби со едукативниот материјал, а сите учесници го поминаа процесот на пополнување прашалници за нивните навики на интернет, како и за нивните општи познавања за интернетот и можните опасности од неговото неправилно користење.

Останатите две скопски училишта: средното медицинско училиште „Панче караѓозов“ и основното училиште „Лазо Анѓеловски“ ги организираше Меѓаши кои беа одговорни и за спроведување на едукациите во ОУ „26 Јули“.

Едукациите за учениците од „Лазо Ангеловски“ ги спроведе Александра Зикова со асистенција од страна на Тања Јаневска – координатор на од Меѓаши и Ѓурѓица Петрушевска, волонтер во истата организација. На трите едукации за учениците, учествуваа 83 деца.

lazo-1-mala.png lazo-2-mala.png lazo-4-mala.png lazo-5-mala.png

Поради тоа што сите едукации беа договорени за крајот на учебната година, немаше доволно време за реализација на средбата со родителите, која поради тоа се одржа подоцна во просториите на Меѓаши. Дојдоа 12 родители чии деца ги посетуваа часовите на детските работилници кои ги организира Меѓаши.

Подоцна одржаната едукација за наставници од училиштето „Лазо Ангеловски“ се спроведе за 6-ица присутни. И покрај малата посетеност на оваа организирана средба, присутните наставници позитивно се изјаснија за спроведениот проект.

Родителите, особено оние кои имаат интернет конекција во својот дом која ја користат и нивната деца, исто така покажаа голема заинтересираност да научат повеќе, за што им беше поделен едукативен материјал и секако беа упатени на веб-сајтот на проектот.

Општиот впечаток е дека едукацијата беше интересна за учениците, со мали исклучоци, особено бидејќи и самите имаа можност да зборуваат за нивната активност на интернет, за нивните искуства од користењето на сервисите за инстант пораки, креирањето профили на некои веб-сајтови за социјално вмрежување итн.
 
Дополнително, на иницијатива на основното училиште „Ѓорче Петров“, одржана беше едукација на оваа тема во едно одделение и притоа беа распределени едукативни материјали. Едукацијата во ова училиште ја спроведе Гордана Пирковска-Змијанац од „Меѓаши“ за 26 ученици.
 
Од албанските училишта, покрај „26 Јули“, преку едукативни презентации, со содржината на проектот се запознаа и учениците, нивните родители и наставниците од средното медицинско училиште „Д-р Панче Караѓозов“. Одржани се 3 едукации за учениците на кои учествуваа вкупно 115 од нив. Средбата за родителите се одржа за 30 присутни, додека од професорите учествуваа 19. Сите пет едукации ги спроведе Арбен Ибрахими.
 
< Претходно   Следно >
Powered by Joomla!   Implementation by Metamorphosis
Joomla Templates by JoomlaShack Joomla Templates