Насловна
Спроведени едукациите во Охрид и Струга Испечати Е-пошта
ohrid-7-mala.png Со проектот „Заштита и безбедност на децата и нивните права на интернет“, во текот на месец мај се запознаа и дел од учениците, родителите и наставниците од градовите Струга и Охрид, како и од охридското село Велгошти. Се спроведоа вкупно 20 едукации во овие области, беа опфатени 3 училишта, а содржината се пренесуваше на македонски и албански јазик. „Младинскиот совет Охрид“ од Охрид ја организираше работата, а професорките Лизана Зиба и Марија Пупиноска-Гогова ја имаа улогата на едукатори.

Едукацијата на македонски јазик се спроведе во двете охридски основни училишта „Братство Единство“ и „Живко Чинго“, с. Велгошти. Во двете училишта беа одржани по 3 едукации за учениците со кои беа опфатени вкупно 196 деца, по 98 во секое.  Од првото училиште, учество на едукациите земаа ученици од петто и шесто одделение, додека од второто, учениците кои ја проследија презентацијата беа од петто до осмо одделение. По една едукација беше одржана за родителите и наставниците, при што на средбите во Братство Единство учествуваа 7 наставници и 25 родители, додека 10 наставници и 31 родител учествуваа на едукациите во „Живко Чинго“. Едукацијата ја спроведе Марија Пупиноска-Гогова на македонски јазик.

Сите учесници во едукациите добија прашалник кој по пополнувањето му го враќаа на едукаторот. За децата следуваше и пакетот едукативен материјал, додека возрасните беа упатени на веб-сајтот Безбедно на интернет, како и на адресата на Дирекцијата за заштита на личните податоци. Преостанатите постери кои ја содржат повелбата за правата на децата на интернет се залепени на училишните ѕидови, во училниците и компјутерските лаборатории.

Едукацијата комплетно и успешно е завршена во двете училиште за сите целни групи. На дискусиите за време на едукативните сесии, децата споделуваа лични примери за нарушена безбедност при користење на интернет и покажаа дека навистина ја разбрале пораката, додека кај возрасните учесници на едукациите се забележа висок степен на заинтересираност за темата и потреба од надградување на моменталните знаења од областа на компјутерите, како би можеле повеќе да допринесат во заштитата на децата од можните опасности на интернет.

ohrid-1mala.png ohrid-2-mala.png ohrid-3-mala.png ohrid-9-mala.png ohrid-10-mala.png
 
На албански јазик, едукациите се спроведоа исто така во две училишта, и тоа во двојазичното основно училиште „Братство Единство“ и во средното училиште „Нико Нестор“ во Струга.

Во „Братство Единство“ се спроведоа 4 едукации за ученици. Две едукации се одржаа за учениците од четврто одделение, една за учениците од петто и една за учениците од шесто одделение. Со нив беа опфатени вкупно 112 деца. Текот на едукацијата се одвиваше слично како во македонските паралелки. Преостанатите постери им се делеа на децата кои немаа можност да учествуваат на едукативните средби.

Една едукација се спроведе за 10 наставници од „Братство Единство“, како и за 15 родители на ученици кои учат во ова училиште.

За тинејџерите од „Нико Нестор“ беа организирани две едукативни средби со кои беа опфатени вкупно 92 ученици. Од професорите, едукацијата ја проследија 11, додека на средбата за родителите учествуваа 12.

Едукациите во двете училишта се спроведе на албански јазик, а задачата во спроведувањето ја имаше Лизана Зиба.
Генералните впечатоци се дека сите целни групи покажаа заинтересираност за темата.
 
ohrid-6-mala.png struga-niko-nestor-1-mala.png struga-niko-nestor-2-mala.png struga-niko-nestor-3-mala.png struga-niko-nestor-4-mala.png
 
< Претходно   Следно >
Powered by Joomla!   Implementation by Metamorphosis
Joomla Templates by JoomlaShack Joomla Templates