| Извештај од спроведените едукации во Прилеп |
|
|
Центарот за граѓанска иницијатива од Прилеп, во периодот од 20 мај до 5 јуни ги реализираше предвидените едукации за безбедно користење на интернет во две прилепски училишта и тоа, во основното училиште „Кочо Рацин“ и во средното „Кузман Јосифовски - Питу“. Во улога на едукатори беа Талија Бабоска и Катица Ристовска. Со одржаните едукации во двете училишта беа опфатени вкупно 196 ученици, 60 родители и 38 наставници.
За средношколците од училиштето Кузман Јосифовски – Питу беше одржана
стандардната PowerPoint презентација. Пред тоа им беа дадени
прашалниците кои требаше да ги пополнат, а после едукативната
презентација беше спроведена активна дискусија за споделување на
искуствата на учениците од користењето на интернетот. На крајот им беа
делени едукативните материјали за безбедно користење на интернет и
правата на децата на интернет. На овие едукации учествуваа учениците од
трговската, економската и правната насока од училиштето, а беа вкупно
99 на број.
Слично се одвиваше и едукацијата за учениците од основно
училиште „Кочо Рацин“. Учество земаа 97 ученици, при што беа избирани
по 5 од секое одделение.
Од основното училиште, со едукација беа
опфатени 18 наставници, а од средното 20. По 30 родители учествуваа на
едукациите за родители организирани во двете училишта.
После
завршувањето на едукациите, на самите слушатели им беше дадено до
знаење дека сепак не треба да гледаат на интернетот како на штетна
придобивка на 21-от век,туку едноставно да бидат повнимателни и да
размислуваат каде се ги оставаат своите лични податоци, притоа давајќи
им до знаење какви злоупотреби можат да настанат.
|
| < Претходно | Следно > |
|---|













