Насловна arrow Вести arrow Извештај од спроведените едукации во Гостивар и Тетово
Извештај од спроведените едукации во Гостивар и Тетово Испечати Е-пошта
tetovo-gimnazija-ucenici-mala.png Од 21 до 29 мај, беа спроведени едукациите за безбедно користење на интернет во Гостивар и Тетово. Беа опфатени вкупно 4 училишта, односно по 2 во секој од градовите. Во Гостивар, едукации се одржаа во основното училиште „Башкими“ и во средното техничко училиште „Гостивар“, додека во Тетово со едукација за безбедно користење на интернет се здобија учениците, некои од нивните родители и наставниците од ОУ „Братство-Миѓени” и од гимназијата “Кирил Пејчиновиќ”. За сите едукации, задолжен беше едукаторот Агим Мустафаи од „Асоцијацијата за демократска иницијатива“ (АДИ) од Гостивар, а тие се реализираа на албански јазик.
 
Сите 5 едукации за безбедно користење на интернет од страна на децата во Гостиварското основно училиште „Башкими“ се одржаа на 21 мај. Беа одржани три едукации за децата од петто до осмо одделение и по една за родителите и наставниците. Учество земаа 66 ученици, 11 наставници и 6 родители.
 
 
Во средното техничко училиште во Гостивар, работата започна и се заврши на 23 мај, при што на средбите учество земаа 48 ученици, 19 наставници и 7 родители.
Во основното училиште “Братство-Миѓени” во Тетово, опфатени со едукацијата беа 59 ученици од петто, шесто и седмо одделение, 7 наставници и 16 родители. Сите презентации беа реализирани на 28 мај.
 
tetovo-migeni-nastavnici-mala.png
tetovo-migeni-roditel-malai.png
 
Наредниот ден, едукативната работа во овој регион беше заокружена со спроведување на предвидените едукации во гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“. Како слушатели, учество земаа 67 средношколци, 7 наставници и 8 родители.

Секоја едукативна средба траеше по 45 минути, а се реализираше во кабинетите по информатика.

Во текот на едукативните презентации беше делен едукативниот материјал за децата, се пополнуваа прашалниците за евалуација и се работеше интерактивно со групите. Едукативен материјал им беше поделен и на другите ученици од овие училишта кои не учествуваа на самите едукации, поточно беа поделени без малку по 400 парчиња од секоја публикација.
 
< Претходно   Следно >
Powered by Joomla!   Implementation by Metamorphosis
Joomla Templates by JoomlaShack Joomla Templates