Насловна
Извештај од спроведените едукации за безбедно користење на интернет во Кавадарци Испечати Е-пошта
kavadarci-delenje-materijal-mala.gif Во периодот 19-28 мај, во две училишта во Кавадарци, комплетно и успешно беа спроведени 10-те планирани едукации за безбедно користење на интернет од страна на децата, при што како слушатели учествуваа не само учениците, туку и одреден број на наставници и родители. Дополнително, до крајот на месецот беа спроведени уште 8 едукативни сесии со децата од двете училишта, што зборува за заинтересираноста за темата која ја пројавија слушателите и успехот во доближувањето на истата до интересите и сфаќањата на оние на кои едукациите им беа наменети. За спроведување на едукативната работа во овој град, задолжен беше Советот за превентива против малолетничка деликвенција од Кавадарци.

Во основното училиште „Тошо Велков-Пепето“ беа одржани 3 презентации за децата од петто до осмо одделение со кои беа опфатени вкупно 145 ученици. Со дополнителните едукативни презентации беа опфатени уште 143 деца на истата возраст на кои содржината им беше пренесена за време на редовните часови по информатика. Едукативните презентации за сите групи беа со времетраење од два школски часа – време кое е искористено за презентирање на материјалот, но и за развивање дискусии и интерактивна работа. Две посебни средби беа договорени и со 16 наставници од училиштето, како и со 27 родители на децата кои учат во истото.

kavadarci-veb-mala.gif kavadarci-prezentacija-mala.gif
kavadarci-prasalnici-mala.gif
 
Во ОУ „Гоце Делчев“, се одржа една едукативна средба за 38 родители, една за 23 наставници, како и 3 средби со учениците од петто до осмо одделение со кои беа опфатени 134 деца. Дополнителните едукации во ова училиште спроведени на часовите по информатика, овозможија запознавање на уште 69 ученици од петто и шесто одделение со начините и правилата за безбедно користење на интернет.

На сите учесници во планираните едукации, поделени им се евалуациони прашалници, а децата го добија и едукативниот материјал кој им следуваше. Сите едукации во двете основни училишта ги спроведе професорката Гордана Богева на македонски јазик.
 
< Претходно   Следно >
Powered by Joomla!   Implementation by Metamorphosis
Joomla Templates by JoomlaShack Joomla Templates