Насловна
Во Делчево спроведени едукациите во ДСУ „Методи Митевски Брицо“ Испечати Е-пошта
1_delcevo_mala.png
На 23, 24 и 25 мај, Хуманитарното и добротворно здружение на ромите “ПХУРТ” од Делчево ги спроведе едукациите за безбедно користење на интернет во средното училиште „Методи Митевски Брицо“ во истиот град. Учесници на едукативните средби беа ученици од прва, втора, трета и четврта година, некои од нивните родители, како и професорите кои предаваат во ова училиште.

Првиот ден беа организирани две едукативни сесии, и тоа една за учениците од прва и втора година и една за учениците од трета година. Во првата сесија учествуваа 30 ученици, а во втората 35. Вториот ден се одржа едукативна средба со 35 ученици од четврта година. Едукациите ги спроведоа Аднан Демировски и Љупчо Ѓорѓиевски. Последниот ден беа реализирани и едукативни презентации за 19 професори и 25 родители. Сите едукативни средби имаа карактер на работилници, бидејќи покрај презентирање на содржините за безбедно користење на интернет, се водеше и дискусија на таа тема. Работилниците траеја од 1,5 до 2 часа и се одвиваа на македонски јазик.
 2-delcevo sredna.png  
Сите работилници се завршени успешно. Професорите покажаа интерес и самите да се вклучат во идни активности од ваков вид, додека учениците од четврта година, најактивно учествуваа во дискусијата после презентацијата како резултат на времето кое тие го поминуваат на интернет и активностите со кои се занимаваат додека се онлајн.

 Покрај презентациите и отворените дискусии, сите учесници ги пополнуваа прашалниците кои содржат прашања поврзани со нивните навики, активности и познавања на новите технологии кои ги нуди интернетот. На учениците секако им следуваше и пакет едукативен материјал: постер кој ја содржи повелбата за правата на децата на интернет, леток за вешто користење на интернетот и брошура за заштита на личните податоци и приватноста на интернет.
 
< Претходно   Следно >
Powered by Joomla!   Implementation by Metamorphosis
Joomla Templates by JoomlaShack Joomla Templates