Насловна
„Отворете ги прозорците“ ги спроведоа едукациите во три скопски училишта Испечати Е-пошта
partenija_02-mala.png
 
Оваа недела здружението „Отворете ги прозорците“ од Скопје ги заврши едукациите за заштита на децата на интернет во три училишта во Скопје. Почнувајќи од 22 мај, тие ги реализираа едукативните работилници со учениците од средното училиште за деца со оштетен слух „Партенија Зографски“ заедно со децата од основното училиште „11 Октомври“, потоа со учениците од посебното основно училиште „Златен Сремац“, а организираа и неколку дополнителни работилници во нивниот центар.

На обуките за учениците од училиштата „11 Октомври“ и „Партенија Зографски“ учество земаа вкупно 28 ученици, од кои 15 од средното и 13 ученици од основното училиште. Обуките имаа карактер на инклузивна работилница за која имаше обезбедено и толкувач на заковен јазик. Низ разговор и интеракција со учениците се водеше дискусија на оваа тема и следеше кратка презентација. Потоа учениците беа поделени во парови, по еден ученик од средното и еден ученик од основното училиште и заедно работеа. Им беа поделени неколку листови со презентирани случаи за кои требаше да го дадат своето мислење, по што следеше усна дискусија. Потоа учениците беа поделени во 3 групи така што,  две групи работеа на дизајнирање на постер, а една група изведе драматизација. На крајот од обуката беа поделени материјалите и пополнети прашалниците. Беа спроведени 3 обуки со времетраење од два часа. Обуките ги спроведоа Радмила Стојковска, Маргарита Гулевска И Ирина Иванова. Обуката за наставниците од училиштето „ 11 Октомври“ ќе се одржи во понеделник, додека наставниците од „Партенија Зографски“ се запознаа со темата за време на обуките за децата.
 
Следна активност која ја презеде здружението, беше спроведување на дополнителни обуки во рамките на центарот, и тоа две обуки за корисниците кои го посетуваат центарот и една за нивните родители. Учество земаа 10 корисници со интелектуална попреченост и телесна инвалидност, на возраст од 11 до 29 години. Помалите корисници изработуваа постер, а повозрасните ги обработија случаите кои претходно се користеа на едукациите во двете училишта. Истиот ден беше спроведена и обука за 9 родители. Обуките ги спроведоа Радмила Стојковска И Маргарита Гулевска. Секоја обука траеше по 60 минути.

На 4-ти јуни, здружението „Отворете ги прозорците“ одржа четири презентации во посебното училиште „Златен Сремац“. Се одржаа две обуки за деца, и по една за родителите и наставниците. На презентациите со децата се работеше интерактивно и беше изработен постер. Учество земаа 18 ученици, но само 13 беа во можност да  одговорат на прашалниците, 9 родители и 12 наставници.
 
dscn0294-mala.png
dscn0275-mala.png dscn0280-mala.png
dscn0296-mala.png



дополнување (24.06.2008): На презентацијата за наставниците од основно училиште „11 Октомври“ учество земаа 18 од нив. Истата ја спроведоа Маргарита Гулевска и Радмила Стојковска, ја координираше Ирина Иванова, а траеше 40 минути.
 
< Претходно   Следно >
Powered by Joomla!   Implementation by Metamorphosis
Joomla Templates by JoomlaShack Joomla Templates