Насловна arrow Вести arrow Во Куманово завршени едукациите за заштита на децата на интернет на македонски јазик
Во Куманово завршени едукациите за заштита на децата на интернет на македонски јазик Испечати Е-пошта
kumanovo-intro-mala.png
 
Хуманитарното здружение „Мајка“ од Куманово во последната третина од месец мај, успешно ги заврши едукациите во две училишта во кои наставата се одвива на македонски јазик. Во овој град, организирани беа едукативни сесии во основното училиште „Браќа Миладиновци“ и во средното училиште „Гоце Делчев“. Едукациите ги спроведоа Маргарита Аврамовска и Лидија Илијевска.
 
Во училиштето „Браќа Миладиновци“ беа организирани четири едукативни сесии за учениците и по една за родителите и наставниците.  Со едукативните презентации во ова училиште се опфатени 169 ученици, 8 родители и 24 наставници.
 
Во гимназијата „Гоце Делчев“ се спроведоа вкупно пет едукативни презентации или три за учениците, една за родителите и една за наставниците. Презентациите ги проследија 75 ученици, 12 родители и 17 наставници.
 
Едукациите во двете училишта имаа карактер на работилници бидејќи покрај едукативните презентации, учесниците имаа можност да споделат некои свои лични искуства или искуства на нивни познаници со групата. Одржаните работилници беа со времетраење од 1, 5 до 3 часа, во зависност од интересот на присутните, при што најголема заинтересираност пројавија учениците од основното училиште. На сите ученици им беше поделен едукативен материјал, како и евалуациони прашалници кои пак ги добија и останатите учесници на едукациите. Вишокот едукативен материјал им е доделен на училишните библиотеки на двете училишта.
 
< Претходно   Следно >
Политика на приватност   Техничка имплементација - Фондација Метаморфозис
Joomla Templates by JoomlaShack Joomla Templates