Насловна arrow Вести arrow Завршени едукациите во ОУ „26-ти Јули“
Завршени едукациите во ОУ „26-ти Јули“ Испечати Е-пошта
26-juli-intro-mala.png Во периодот од 12 до 26 мај, успешно се спроведоа едукациите за безбедно користење на интернет од страна на децата, во скопското основно училиште „26-ти Јули“. Едукациите ги реализираше Насер Мифтари, професор во споменатото училиште. Со едукативните презентации одржани во „26-ти Јули“, опфатени се 91 ученик, 23 наставници и 21 родител,  што ја задоволува посакуваната бројка на учесници во едукациите во едно училиште.

Покрај споменатата бројка на ученици кои присуствувале на предвидените едукативни презентации, содржината е пренесена и на останатите ученици од вкупно 12 одделенија од ова училиште, чиј професор е Насер Мифтари. Со овие дополнителни едукации, опфатени се уште околу 400 ученици. Едукациите за учениците се спроведувани за време на класните часови, додека за наставниците и родителите се искористени други термини со времетраење од 40 минути. Едукацијата за заштита на децата на интернет во ова училиште се спроведе на албански јазик.

26-juli-1-mala.png 26-juli-2-mala.png 26-juli-4-mala.png 26-juli-3-mala.png

 
< Претходно   Следно >
Powered by Joomla!   Implementation by Metamorphosis
Joomla Templates by JoomlaShack Joomla Templates