Насловна
Родителска контрола Испечати Е-пошта
 
Софтверите за родителска контрола им овозможуваат на родителите да избираат игри кои нивните деца можат да ги играат, да дозволуваат апликации кои можат да ги користат и веб-сајтови кои смеат да ги посетуваат. Исто така, со помош на ваквите програми и алатки, родителите можат да специфицираат и временски периоди кога децата смеат да го користат компјутерот, а забраните да останат и кога тие нема да бидат дома. На тој начин, тие можат да бидат сигурни дека децата не си играат на компјутер, наместо да пишуваат домашни задачи.

parental-controls.png За ваков тип на родителска контрола, можеби нема да имате потреба од дополнителен софтвер доколку ја користите актуелната верзија на Windows оперативниот систем – Windows Vista. Имено, сега родителите, благодарение на алатката Parental Controls  која се наоѓа во Control Panel , можат да креираат посебни кориснички профили за нивните деца и тоа соодветни на нивната возраст и лични интереси. Притоа, како што детето расте, корисничките профили за користење на компјутерот може да се менуваат.

Од оваа централна локација, можете да конфигурирате родителски контроли за вашиот компјутер. Доколку родителската контрола ви е исклучена, најпрво вклучете ја, а потоа веќе можете да го ограничите користењето на одредени апликации од страна на вашето дете, играњето игри, веб-сајтовите кои тоа може да ги посетува и колку време во текот на денот му е дозволено за сите овие активности.

Што ако не користите Windows Vista и од било кои причини не сте подготвени да се префрлите на овој оперативен систем? Постојат навистина многу програми кои можат да ви помогнат во ограничување на активностите на вашите деца додека се онлајн, но меѓу нив има и такви за кои мора да се плати, како и такви кои се бесплатни, но не се доволно функционални.

За да блокирате прикажување на непристојни содржини кои се дел од некои веб страници, потребен ви е филтер на веб-содржини. Доколку прелистувате со Internet Explorer, ваквиот филтер е дел од него и можете директно оттука да го конфигурирате. Појдете во менито Tools и оттука изберете Internet Options. Во јазичето Content можете да одредите кои сајтови смее да ги прелистува вашето дете, иако овој вграден филтер си има сопствен систем за рангирање на веб-сајтови.

Доколку пак сте корисници на Mozilla Firefox, можете да се послужите со неколку проширувања кои можат да ви помогнат во некои важни работи од овој тип. Од менито Tools (Алатки) изберете Extensions (Додатоци) и кликнете на линкот за дополнителни проширувања (или едноставно следете ги линковите подолу). Ќе ви се отвори страница каде треба да ги побарате следниве:

  • Glubble е алатка за целата фамилија која овозможува ограничување на пребарувачките можности на прелистувачот во рамките на она што е соодветно за децата. Додатокот го менува прелистувачот, односно го оспособува за негово користење од страна на децата. Во оваа фаза е бесплатен, тежи 1МБ и е поддржан од сите оперативни системи.
  • ProCon исто така претставува софтверски додаток за Mozilla Firefox со помош на кој се блокираат веб-сајтови со експлицитна содржина врз основа на текстот кој е дел од нив
  • LeechBlock пак овозможува блокирање на веб-сајтови во одредени временски периоди.
Алтернативно, можете да се послужите со самостојниот бесплатен софтвер K9 Web Protection кој овозможува филтрирање на веб страници, додека за целосно филтрирање на интернет-содржини пробајте го бесплатниот Naomi.

Покрај блокирање на веб-содржините до кои можат да дојдат вашите деца, за да ги заштитите од опасностите кои се случуваат на интернет, понекогаш може да биде потребно и да го ограничите користењето на програмите  со кои децата се служат за разни онлајн активности. Ваква намена има програмата ChatController која овозможува блокирање на пристапот до програмите за инстант комуникација кои се инсталирани на компјутерот и тоа според самата апликација, корисникот или периодот во денот.

Иако сите овие совети и програми треба да ви помогнат во заштитата на вашите деца додека се тие онлајн, сепак основно што треба да направите пред да почнете да поставувате строги правила е да разговарате со нив. Треба да им објасните дека навистина постојат ризици кои можат да произлезат од неправилно користење на интернетот кои нив можат да ги доведат во опасност, па дури и да ја загрозат сигурноста и безбедноста на целото семејство. Секако, програмите за заштита на системот и оние за родителска контрола можат да ви помогнат многу, но основно е она што ќе го направите во насока на едукација на вашите деца и развивање на нивната свест во правилна насока. Во табелата подолу е направен избор на уште неколку алатки кои можат да ви помогнат во остварувањето на оваа цел.
 
Parental control bar   алатка која овозможува едноставен премин од родителскиот режим заштитен со лозинка во режимот за децата и со помош на која се овозможува филтрирање на несакани содржини на веб 
Golden Eye алатка која бесплатно можете да ја тестирате 15 дена, а е дизајнирана за следење и снимање на активноста која се одвива на вашиот компјутер
Kidzui   бесплатен веб прелистувач наменет за деца на возраст од 3 до 12 години, со повеќе од 600 000 сајтови, слики и видеа надгледувани од родители и наставници
FreeShield
бесплатен софтвер за блокирање на непристојни содржини
Crawler Parental Control
бесплатна програма за контролирање на активностите на децата при веб-прелистување, ограничување на користењето на одредени програми, пристапност до одредени фолдери, временско ограничување и детални извештаи
Internet Parental Control
бесплатен софтвер кој се користи како додаток во интернет прелистувачот Internet Explorer. Служи за надгледување на активностите кои се одвивале на компјутерот и нуди брз пристап до корисни содржини кои ќе ви помогнат во справувањето со интернет предаторите, педофилите и другите интернет измаминици
Free Parental Control
бесплатна алатка за детекција и отстранување на содржини за возрасни
ChatShield
бесплатен блокер на несакани контакти од Windows Live Messenger
 
Политика на приватност   Техничка имплементација - Фондација Метаморфозис
Joomla Templates by JoomlaShack Joomla Templates