|
На кој веб-сајт треба да му веруваш? |
|
|
2. Дали се јасни целите поради кои постои веб-сајтот?
Добар веб-сајт ќе ти каже за кого е наменет, за што служи и што се
обидува да постигне. Ова се целите на еден сајт. Овие работи треба да
ти помогнат да одлучиш дали вреди да продолжиш да го разгледуваш сајтот.
Веб-сајтови се прават поради различни причини. На пример:
| 1. да ти понудат информација за нешто |
2. да те едуцираат
|
3. да ти понудат линкови до други сајтови
|
| 4. да те поврзат со други луѓе |
| 5. или најчесто – да те забавуваат |
Како да проценам дали целите на сајтот се ОК?
Некои сајтови очигледно се направени од шега. Кога би наишле на такви, веднаш би ги препознале и не би поверувале во нив, нели? Но други сајтови, особено такви кои обработуваат теми од областа на здравјето и социјалните проблеми, можат исто така да кажуваат нешто што не е сосема точно, а пак тоа да не е нешто што може лесно да се забележи.
Како да ги најдам целите на сајтот?
Немаат сите веб-сајтови јасна изјава со која ќе ти ги кажат нивните цели. Можно е да треба да побараш некои други важни патокази. Ако сајтот има мени, погледни дали насловите на различните секции ти кажуваат за што тој служи. Дали сајтот изгледа како да е наменет за деца или за возрасни!? Дали напишаното е лесно да се разбере или звучи како да е напишано од луѓе кои веќе премногу знаат за темата!?
|