| Мобилни телефони |
|
|
|
Мислеше дека го познава, но...
Имам другарка кој има 15 години. Додека еден ден зборуваше во chat room со своите пријатели, и се обратил некој дечко кој не го познаваше. Ја замолил да разговараат на само (а не во група каде што почнале). Започнаа комуникација „во четири очи“ и така таа долго време разговараше со него за се и сешто! Следниот ден повторно се најдоа онлајн, па потоа и следниот, и по неколку дена тој и го побара бројот на мобилниот телефон за да може да и праќа СМС пораки. Таа мислеше дека го познава доволно добро откако веќе извесно време разговараа преку интернет и не сакајќи тој да помисли дека таа не му верува – му го даде својот број. Се допишуваа по СМС неколку недели.. Еден ден и` заѕвони телефонот, а на линијата беше тој. Таа рече дека човекот звучел многу ОК, љубезно и пријателски расположено и дека не ја загрижува воопшто тоа што разговара со него, без разлика што не го познава лично. Иако звучел доста повозрасно од неа таа можеше да зборува со него како со било кој пријател од училиште, така што кога тој предложил да се сретнат и запознаат во живо, таа се сложи и всушност беше многу возбудена поради средбата. Ми раскажа дека се договориле тој да дојде со воз до станицата каде што живее таа и дека ќе се договрени да се сретнат на станицата. Се шетале така пешки некое време и разговарале, но после само неколку минути тој ја грабнал и ја турнал во дворот на црквата, каде што не можел никој да ги види, и ја нападнал. Среќа таа успеа некако да побегне и да пријави во полиција. Другарка ми беше навистина многу потресена и свесна дека имаше среќа што успеа да побегне. Сите се радуваме дека е ОК, бидејќи страв ни е дури и да помислиме што се можеше да и се случи.
|







