| Мобилни телефони |
|
|
|
Страшно! Моите приватни фотографии може секој да ги види!
Петок вечер е и петнаесетгодишниот Крис тукушто се врати потиштен од училиште бидејќи раскинал со својата девојка Соња. Додека беа заедно, се зезаа со камерите од своите мобилни телефони – си испраќаа предизвикувачки пораки додека беа разделени и се фотографираа взаемно кога беа заедно излезени. Фотографиите ги правеа за нивна забава, но во некои од нив има нешта поради кои не сакале никој друг да ги види, како на пример – полу разголени фотографии.. Вечерва Крис дозна дека Соња, чувствувајќи се огорчено поради прекинот на врската, испратила дел од фоторгафиите со него до некои свои пријатели, а тие понатаму ги препратиле до други пријатели. Сега фотографиите кружат низ училиштето и секој може да ги види, а за да биде ситуацијата уште полоша – и неговата класна дознала за тоа. Поради тоа, во понеделник ќе треба двајцата со своите родители да одат на средба со професорката. Крис е потресен дека нешто толку лично и забавно ескалираше во вакво понижување... Крис се плаши дека е можно таа да ги објавила сликите и на нејзиниот блог што би значело дека може да се раширени насекаде по интернет мрежата..
|







