| Социјално вмрежување |
|
|
|
Провален профил на Hi5
Едно 15 годишно момче од Скопје имало свој профил на Hi5.. На профилот имало објавено многу лични работи меѓу кои и свои фотографии, лични податоци (име и презиме), потоа омилена музика и други работи кои сакал да ги сподели со врсниците. Но, за време на зимскиот распуст му се случила една непријатна ситуација која воопшто не ја очекувал! Некое непознато лице му ја „пробило“ шифрата на профилот и покрај неговите фотографии ставил и експлицитни хомосексуални фотографии. Покрај тоа биле сменети и некои од информациите за него на профилот, како на пример неговата сексуална ориентација. Бидејќи работата се случила за време на зимскиот распуст, момчето некое време полесно се справувало со оваа ситуација, но кога завршил распустот и се вратило на училиште, тоа се повлекло во себе, се чувствувало многу лошо, засрамено и во прво време не кажувало никому за ова. Тој не знаел кој го направил тоа, иако се сомневал во некои од соучениците. Откако дознале неговите другари за ова, го поддржале и тоа му помогнало полесно да се справи со целата ситуација. Знаејќи дека пријателите го разбираат и го поддржуваат полесно го пребродил лошото чувство и срамот кој го обземал поради оваа немила случка.
|







