Насловна arrow Медиуми arrow „Приватност на интернет на лесен начин“ на ЛАН Фест
„Приватност на интернет на лесен начин“ на ЛАН Фест Испечати Е-пошта
lanfest232.jpgНа 20-22 мај, во спортската сала „Борис Трајковски“, се одржа конференцијата ЛАН Фест, каде Фондацијата Метаморфозис беше дел од изложувачите. Овој настан е составен од повеќе поединечни настани кои им овозможуваат на изложувачите и на посетителите ефективна соработка во полето на информатичките и комуникациските технологии.

Освен информативниот штанд, за време на овој тридневен настан се одржа и едночасовна проекција на 13 кратки едукативни филмчиња наменети за деца, кои се дел од проектот „Приватност на интернет на лесен начин“ .  Освен што можеа да ги погледнат филмовите, присутните имаа можност да постават и прашања поврзани со безбедноста и приватноста на децата на интернет.

 
< Претходно   Следно >
Политика на приватност   Техничка имплементација - Фондација Метаморфозис
Joomla Templates by JoomlaShack Joomla Templates