|
Отворен настан на тема „Образованието и интернетот“ |
|
|
 На 12 октомври, 2011 год., во МКЦ Клуб ресторант се одржа отворен настан на тема „Образованието и интернетот“, во организација на Здружението на граѓани „Интернет Хотлајн Провајдер Македонија“. Ова предавање беше наменето за наставници и родители, а предавачи беа Виолета Ѓорѓиевска од Интернет Хотлајн Провајдер, Ирина Шумадиева од Фондација Метаморфозис , и Мишел Буш - ЕУ експерт за безбедност на децата на интернет, кој одржа сеопфатна презентација на оваа тема.
Претставникот од Метаморфозис, покрај презентацијата на основните начела за приватност и безбедност на децата на интернет, дополнително ги претстави и кратките едукативни филмови и игри за деца, изработени од страна на Фондацијата Метаморфозис во рамките на проектот „Приватност на интернет на лесен начин“. Оваа презентација беше основа за плодна дискусија и размена на идеи помеѓу присутните родители и наставници.
По завршувањето на настанот, беше остварена посета на канцелариите на Фондацијата Метаморфозис од страна на експертот Мишел Буш, со цел да се запознае повеќе со полето на работа на организацијата, како и да се отвори можност за соработка во иднина.
|