Насловна
Проекција на кратки едукативни филмови во Скопје, Штип, Велес и Неготино Испечати Е-пошта
Прочитај повеќе... Во текот на оваа недела, се одржаа неколку проекции на едукативните филмови изработени во рамките на проектот „Приватност на интернет на лесен начин“. Беа опфатени деца од Скопје, Неготино, Велес и Штип, а другата недела следуваат проекции уште во 4 други градови низ нашата република.

На 31 мај, во Детскиот Театарски Центар, со почеток во 19:00 часот, се одржа проекција на кратките едукативни филмови, кои се дел од проектот „Приватност на интернет на лесен начин“ на Фондацијата Метаморфозис, а се изработени во соработка со Детскиот Театарски Центар. На проекцијата присуствуваа ученици од основното училиште „Петар Здравковски – Пенко“, кои воедно беа и актери во филмовите. На крајот, секое од децата доби подарок дивиди со филмовите, постер и брошура.
dtc-opme.jpg
 Оваа проекција беше прва од низата настани кои се одржуваат низ градовите во Република Македонија. Па така, на 1 јуни, во 10 часот во просториите на Општина Штип се одржа втората проекција на едукативните филмови на која присуствуваа 80-на деца од основните училишта „Ванчо Прке“, „Тошо Арсов“, „Гоце Делчев“ и „Димитар Влахов“. Учениците добија брошури и постери кои се изработени во рамките на овој проект, а училиштата добија и пакет материјали наменети за училиштето, како и примерок од дивиди со филмовите, со цел да се допре и до останатите ученици во овие училишта.
stip-opme.jpg
По настанот во Штип, проекција се одржа и во Велес, во 14:30 часот во просториите на Фондацијата Фокус каде присуствуваа десетина деца од основното училиште „Кирил и Методиј“. Освен децата од ова училиште, материјали беа доставени и до основните училишта „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“, „Благој Кирков“, „Блаже Конески“, и „Васил Главинов“.
veles-opme.jpg
Четвртата проекција се одржа на 2 јуни, со почеток во 11 часот, во просториите на Општина Неготино, каде салата беше преполна со  ученици (околу 90) од основните училишта „Страшо Пинџур“ и „Гоце Делчев“. И овие дечиња, како и претходните добија материјали за нив, но и за училиштата.
negotino-opme.jpg
Проекциите продолжуваат следната недела и во други градови:
  • Тетово - 6 јуни, почеток: 11.00 часот, место: Лоја;
  • Гостивар - 6 јуни, почеток: 14.00 часот, место: Центар на културата;
  • Битола - 7 јуни, почеток: 11.30 часот, место: Младински културен центар
  • Дебар - 8 јуни, почеток: 12 часот, место: Дом на културата.
 
< Претходно   Следно >
Политика на приватност   Техничка имплементација - Фондација Метаморфозис
Joomla Templates by JoomlaShack Joomla Templates