Насловна
Муабети на интернет (chat) Испечати Е-пошта
 
Што му се случило на едно семејство... 
 
Во февруари 2000-та година, 33 годишен човек остварил контакт со 12 годишно девојче преку тинејџерски chat room. По овој прв контакт следувала двомесечна секојдневна комуникација по имејл, а потоа и редовни разговори по мобилен телефон. На овој начин девојчето било постепено заведено, па од тој почетен контак во chat room-от работата отишла до таму што девојчето било наговорено да се сретне во живо со него. Сетоа тоа на крајот довело и до сексуално злоставување на девојчето од страна на овој 33 годишен човек.

По првичниот контак остварен во chat room-от, низ мудар и упорен процес на убедување преку имејл и мобилен телефон, човекот успеал да го наговори девојчето дека е вљубен во неа. На почеток девојчето ги одбивало неговите предлози да се сретнат во живо, но на крајот попуштило и се согласило да се сретне со него на јавно место. Тој пристигнал со автомобил, и’ се претставил на својата жртва и ја одвел во неговиот стан кој од таму бил оддалечен повеќе километри. Во неговиот стан започнал серија непристојни напади врз девојчето, кои се повториле четири пати.

После тие четири куси средби со него, девојчето, кое станувало се повеќе и повеќе збунето, не издржало и се и` раскажало на својата мајка. Нејзините родители биле шокирани и веднаш пријавиле во полиција! Поминале едвај неколку дена пред човекот да биде пронајден и уапсен, но поради истрагата која сеуште била во тек, а и во очекување на резултатите од лабораториската анализа на неговиот компјутер, тој бил ослободен со кауција.  

Само неколку дена подоцна, користејќи го компјутерот на своето работно место, тој стапил во контакт со уште едно малолетно девојче. Користејќи слична тактика, се одвезол стотици километри далеку од местото каде што живеел и извршил уште еден сличен напад. Неговите колеги од работа откриле некои сомнителни имејлови на неговиот компјутер и алармирале до полицијата која организирала акција и го уапсила човекот во моментот кога следната жртва влегувала во неговиот автомобил.

Полицијата го уапсила и го обвинила за сексуален напад врз деца и поседување детска порнографија, а подоцна и бил прогласен за виновен и осуден на казна затвор.  
  monitor3.1.gif
 
Powered by Joomla!   Implementation by Metamorphosis
Joomla Templates by JoomlaShack Joomla Templates