Насловна
Муабети на интернет (chat) Испечати Е-пошта
 
Му пратив фотографија, мислев дека ми е пријател... 
 
Осумгодишниот Петар плачејќи се вратил дома од тренинг со фудбалскиот клуб во кој игра. Неговите родители се загрижиле па затоа Петар им раскажал што му се случило..

Откако му завршил тренингот, седел на автобуската станица да го почека автобусот. Одеднаш му пришол возрасен маж и почнал да му прави муабет.

Човекот го прашал дали се вика Петар и тој потврдил. На Петар не му било јасно од каде знаел тој како се вика, па го запрашал: „Од каде ми го знаете името?“. Човекот одговорил: „Зарем ти не си Петар од фудбалскиот тим кој ќе оди во камп за фудбал за две недели од сега?“. На Петар му паднало чудно, но продолжил да разговара со човекот за фудбал..

По извесно време човекот почнал да се однесува необично блиско со Петар и наеднаш почнал да го допира по препоните. Престанал само затоа што поминал автомобил. Петар бил преплашен и почнал да му вика да престане. За среќа, тогаш пристигнал автобусот и човекот побегнал.

Додека им кажувал на своите родители, Петар се сетил дека неколку дена претходно бил во chat room (онлајн „соба“ за разговори) на интернет каде што долго време разговарал со едно дете кое исто така се интересирало за спорт. Тие разговарале за фудбал и си кажале за кои клубови играат и како изгледаат.

Причината поради која си опишале како изгледаат била таа што сфатиле дека и двајцата ќе одат во истиот камп за фудбал за две недели од тогаш, па сакале да можат да се препознаат.

Разговарајќи за сето ова Петар заедно со своите родители сфатил дека токму овој муабет на chat е причината поради која човекот на автобуската станица ги знаел сите тие работи. „Детето“ на chat лажело – тоа не било дете туку возрасен маж. Родителите на Петар го пријавиле овој напад врз нивниот син на полицијата која успеала да го најде човекот со помош на chat (или „интернет“)- провајдерот. Човекот бил уапсен и казнет.
  monitor3.1.gif
 
Powered by Joomla!   Implementation by Metamorphosis
Joomla Templates by JoomlaShack Joomla Templates