|
Игри за безбедност на децата на интернет |
|
|
Во рамките на
проектот Полесно до приватност на интернетсе развиваат игри за деца кои имаат цел да
поттикнат размислување за одредени теми во врска со нивната безбедност додека
користат интернет. Досега се направени шест игри од вкупно десет. Сите игри опфаќаат различни области и се во релација со кратките филмови на истите теми, кои
набрзо ќе бидат објавени.
Игрите се
наменети за деца од основно образование кои знаат да читаат и да користат
компјутер, но можат да ги играат и помали деца во придружба на нивните родители. Некои игри се за поголеми деца, во зависност од темата, на пример „Плагијати“,
„Онлајн измами“ итн, други, пак, се наменети за сите. Сите игри се достапни на
македонски и на албански јазик. Тие се одлична алатка за едукација и забава во
училницата.
Останатите игри можете да ги играте овде.
|