Насловна arrow Вести arrow Безбедно на интернет на Априлијада 2011
Безбедно на интернет на Априлијада 2011 Испечати Е-пошта
intro_aprilijada_2011.jpg
По повод денот на шегата, 1 април, децата се собраа на плоштадот Македонија, каде што учествуваа во забавната манифестација организирана од детскиот културен центар Карпош. Тимот на Метаморфозис и се приклучи на забавата, доделувајќи им постери за безбедно користење интернет на децата, родителите и наставниците.


Постерите од едната страна ја содржат Повелбата за правата на децата на интернет, а од другата се наоѓаат неколку корисни совети и информација за игрите и филмовите кои се изработуваат како дел од проектот „Полесно до приватност на интернет“.
1_aprilijada_2011.jpg
2_aprilijada_2011.jpg
Беа поделени 200 вакви промотивни материјали, а во духот на денот и забавата, децата, па и возрасните кои ги придружуваа, покажуваа благодарност и голем интерес.
3_aprilijada_2011.jpg
4_aprilijada_2011.jpg
 
< Претходно   Следно >
Политика на приватност   Техничка имплементација - Фондација Метаморфозис
Joomla Templates by JoomlaShack Joomla Templates