| Безбедно на интернет на Априлијада 2011 |
|
|
![]() По повод денот на шегата, 1 април, децата се собраа на плоштадот Македонија, каде што учествуваа во забавната манифестација организирана од детскиот културен центар Карпош. Тимот на Метаморфозис и се приклучи на забавата, доделувајќи им постери за безбедно користење интернет на децата, родителите и наставниците.
Постерите од едната страна ја содржат Повелбата за правата на децата на
интернет, а од другата се наоѓаат неколку корисни совети и информација за игрите
и филмовите кои се изработуваат како дел од проектот „Полесно до приватност на интернет“.
Беа поделени 200 вакви промотивни материјали, а во духот на денот и забавата, децата, па и возрасните кои ги придружуваа, покажуваа благодарност и голем интерес.
|
| < Претходно | Следно > |
|---|



