|
Нова Македонија: Додека садат на фармата, ги демнат манијаци |
|
|
 Децата под тринаесет години не се свесни за опасностите што ги демнат на Фејсбук и затоа не би требало да го користат овој сервис, вели Ирина Шумадиева, координатор на проекти за безбедност на децата на Интернет на фондацијата „Метаморфозис“.
Садењето дрвца на фармата, одгледувањето миленичиња во „Пет сосајати“ и
пиењето виртуелни пијалаци во „Јо вил“ навидум изгледаат како наивна
забава за децата, но реалноста е малку поинаква. Најновиот случај на
25-годишниот струмички педофил, осомничен за намамување малолетник преку
комуникациската мрежа Фејсбук, е уште еден во серијата појави на
украдени идентитети, фотографии и лични податоци од корисниците за
злоупотреба на малолетниците од злонамерници.
|