Насловна arrow Вести arrow Посета на основното училиште „Ацо Шопов“ во Скопје
Посета на основното училиште „Ацо Шопов“ во Скопје Испечати Е-пошта
aco_shopov-intro.jpg На 16.03.2011, во О.У. „Ацо Шопов“, Скопје се одржаа три предавања на тема: Безбедност и приватност на децата на интернет. На овие предавања беа присутни вкупно 70-тина ученици од 5-то, 7-мо и 8-мо одделение, поделени во две групи. Предавањата траеа по еден училишен час, а децата имаа можност да научат нешто повеќе, да се информираат за опасностите и ризиците на интернет, но и за тоа како да ја заштитат нивната приватност.


За време на предавањата, децата погледнаа кратки филмчиња на следните теми: сајбернасилство, онлајн-наведување и безбедни лозинки, кои се дел од проектот Полесно до приватност на интернет. Темите беа мошне интересни за децата кои поставуваа прашања и споделија примери.
aco_shopov_1.jpgaco_shopov_2.jpg
Предавање на истата тема проследија и 30 наставници од училиштето, кои се информираа како да ги заштитат децата и како да им помогнат да останат безбедни на интернет. Со наставниците се дискутираа потенцијалните опасности на интернет, како и, начините за нивно спречување и контролирање, особено во рамките на училиштето.

Предавањето го реализираше Ирина Шумадиева од Фондацијата Метаморфозис.
aco_shopov_3.jpg
aco_shopov_4.jpg
 
< Претходно   Следно >
Политика на приватност   Техничка имплементација - Фондација Метаморфозис
Joomla Templates by JoomlaShack Joomla Templates