Насловна
Промоција на 10 филмчиња за безбедност и приватност на децата на интернет Испечати Е-пошта
Во вторник, 28 декември, во 19:00  часот ќе се одржи промоција на 10 кратки филмчиња на теми поврзани со безбедноста и приватноста на децата на интернет, изработени во рамките на проектот „Полесно до приватност на Интернет“.

Изработката на овие филмчиња е во соработка со Детскиот Театарски Центар и претставува продолжување на иницијативата на Фондацијата Метаморфозис за подигање на свеста кај децата, како и обезбедување информации и знаење за нивните права во врска со употребата на интернетот. По промоцијата, филмовите во погодна варијанта ќе бидат објавени на веб-сајтот „Безбедно на Интернет“ и ќе им бидат на располагање на електронските медиуми кои ќе сакаат да ги емитуваат како дел од нивните програми.

Проекцијата ќе се одржи во просториите на Детскиот театарски центар кој се наоѓа во Старата чаршија. Настанот е отворен за пошироката јавност и сите заинтересирани посетители.
 
< Претходно   Следно >
Политика на приватност   Техничка имплементација - Фондација Метаморфозис
Joomla Templates by JoomlaShack Joomla Templates