Në fillim arrow Media arrow Разумно онлајн: Долго лето, многу забава, но и голема одговорност
Разумно онлајн: Долго лето, многу забава, но и голема одговорност Printoni E-mail
2.29-vnimavaj-na-tvoite-digitalni-otpechatoci-ii-del-veb-intro.png

(Дигитални отпечатоци - продолжение, прочитај го првиот дел) 10, 9, 8, 7... одбројувањето започна и скоро е при крај. Долгото лето е пред тебе и сето слободно време ќе можеш да го искористиш за најразновидни активности, помеѓу кои секако ќе биде и играњето игри на твојот компјутер и прегледувањето интересни веб-сајтови на интернет. Тоа што ќе имаш многу време и многу слобода, не значи дека треба да се одрази на твојата одговорност додека си онлајн. И понатаму треба да внимаваш со кого комуницираш, што кажуваш и какви траги оставаш зад себе.

Објавено во: Колибри, Нова Македонија
Датум на објавување: 08.06.2010, вторник

Еве неколку куси совети:

  1. Лозинката што ја користиш за разни онлајн активности, треба да ја третираш како четка за заби – не споделувај ја со никого.
  2. Не заборавај да се одјавиш кога посетуваш некој онлајн сервис, посебно кога си на училиште или на друго јавно место каде што не користиш свој компјутер.
  3. Дигиталните отпечатоци можат да користат и за добра цел – доколку ги користиш сопствените, полесно и побрзо можеш да дојдеш до сајтовите што си ги посетил (преку историјата на прелистувачот) или оние кои намерно си ги означил како омилени.

    2.29-vnimavaj-na-tvoite-digitalni-otpechatoci-ii-del-veb.png
  4. Секоја посета на некој веб-сајт остава трага.
  5. Чувај ја историјата од програмите за разговор кои ги користиш – ова ќе ти помогне да имаш доказ доколку некој ти се обрати на несоодветен, навредлив или вознемирувачки начин.
  6. Заштити си го сопствениот идентитет на интернет – Дали ако сретнеш некого во реалниот живот, веднаш би му кажал се за себе? – Сигурно не: Внимавај какви лични податоци откриваш онлајн, особено на социјалните мрежи, бидејќи нив може некој да ги искористи за да креира лажни профили за тебе и да ги полни со невистини, да ги навредува твоите пријатели и сл.
Потсети се и на останатите совети за безбедно користење на интернетот преку делот за деца и тинејџери на www.crisp.org.mk. Потоа заслужено нурни се во делот „Корисни и интересни содржини за деца“, како и низ останатите делови од сајтот за да најдеш разни игри, софтвер и други забавни места за деца на интернет. Имај убаво, безбедно и забавно лето!
 
Tjetri >
Политика на приватност   Техничка имплементација - Фондација Метаморфозис
Joomla Templates by JoomlaShack Joomla Templates