| Внимавај на твоите дигитални отпечатоци |
|
|
Уште само 10 дена до крајот на оваа учебна година. Набрзо ќе можеш да ги фрлиш овогодишните учебници во подрум и да му се посветиш на долгото лето пред тебе. Уживање, дружење, онлајн игри и забава. Но, не го поминувај целото твое слободно време на интернет, гледај повеќе да се дружиш во реалниот живот. Кога пак ќе бидеш онлајн, не заборавај да внимаваш на твоите дигитални отпечатоци. Тие, како и вистинските отпечатоци од твоите прсти, можат да го откријат твојот идентитет.Објавено во: Колибри, Нова Македонија Датум на објавување: 01,06.2010, вторник
Сè што правиш додека си поврзан на интернет е јавно, дури и кога си сам
во својата детска соба. Секој компјутер кој се поврзува на интернет,
добива своја уникатна, т.н. IP адреса, која е слична како адресата на
местото во кое живееш. Ако направиш нешто нелегално или некоректно,
полицијата може да те лоцира многу едноставно. Но, истото важи и за сите
прекршители на законот, па доколку наидеш на несоодветна содржина или
пак некој кој те контактира онлајн те вознемирува, чувај ги твоите
дигитални отпечатоци како историјата во твојот интернет прелистувач и
онаа во MSN Messenger или Skype.
(продолжува во следниот број на Колибри) |
| < Претходно | Следно > |
|---|



