| Одлично место за забава, учење и дружење за време на летниот одмор |
|
|
Иако училишната година е при крај, тоа не значи дека учењето преку забава и дружење мора да заврши за време на летниот период. Доколку сакаш твоето слободно време да го исполниш со корисни и интересни активности, на веб-сајтот www.mediaart.mk можеш да дознаеш многу повеќе за програмата која ќе ја спроведува ново отворениот центар за деца од 4 до 12 години. Објавено во: Колибри, Нова Македонија Датум на објавување: 11.05.2010, вторник
„Медиа Арт“ центарот може да воведе нова димензија во твоето секојдневие
и ќе ти овозможи да напредуваш во многу полиња и да стекнеш здрави
навики. Преку воншколски работилници кои ќе ги посетуваш секојдневно ќе
напредуваш во полето на компјутерските вештини, англиски јазик,
македонски јазик, креативно читање и пишување, а секако и физичката
активност не е изоставена. На веб-сајтот на центарот, во согласност со
твоите родители можеш директно да аплицираш за вклучување во програмата
или пак да оствариш контакт со одговорните лица.
Ова може да ти претставува одлично место да запознаеш нови другарчиња и преку совладување на програмата која ќе ја посетуваш, подоцна ќе можеш со голема леснотија да си извршуваш и училишните задачи. |
| < Претходно | Следно > |
|---|



