| Собери што повеќе моркови подобрувајќи си ги своите математички вештини |
|
|
Да се учи низ забава е најдобро. Низ забава и дружење пак, е уште поинтересно. Керотстикс е веб-сајт за деца кои можат да учат математика во виртуелна средина на забавен начин. Објавено во: Колибри, Нова Македонија Датум на објавување: 04.05.2010, вторник
Многу едноставно, појди на www.carrotsticks.com и веднаш кликни на
копчето Play Now или пак заедно со родителите почни постапка за креирање
на твој личен профил. Како и да постапиш, најпрво ќе добиеш можност да
си го направиш твојот виртуелен лик, а потоа веднаш можеш да преминеш на
игра, забава и вежбање математика. Впиши го точниот одговор во
квадратчето и собирај моркови. Кога добро ќе се подготвиш, предизвикај
некој друг играч како противник. За почеток, вежбај ја операцијата
собирање, а за понатаму, можеш да разговараш со твоите родители за
евентуално надградување на твојот профил со останатите можности за кои
се плаќа месечен надомест.
|
| < Претходно | Следно > |
|---|









