| Вистинска случка од Македонија: Блокиран профил на Фејсбук поради случајна промена во поставките за возраст |
|
|
Понекогаш, незгодни работи се случуваат сосема случајно. Не мора секогаш друго лице да ни ја разоткрие приватноста или самите нешто да погрешиме за да доживееме непријатност на интернет. За ова е потврда следнава вистинска случка.Објавено во: Колибри, Нова Македонија Датум на објавување: 27.04.2010, вторник
Една новинарка која била корисник на Фејсбук, сакала да ги освежи
податоците за себе на својот профил. Во еден момент, курсорот случајно и
застанал на полето за избирање година на раѓање и тоа на 2006 година.
Токму во тој момент, работата на компјутерот сосема се здрвила.
Бидејќи не можел да се врати во нормална работна состојба, таа го рестартирала, после што новите поставки биле зачувани и профилот автоматски блокиран. Ова се случило бидејќи според годината на раѓање излегувало дека е многу млада и не ги исполнува условите за користење на сервисот. За ова таа прво лично се обратила до одговорните од Фејсбук, а бидејќи не добила одговор, ги известила и во Дирекцијата за заштита на личните податоци кои исто така се обратиле до сервисот. Во меѓувреме, профилот не можел да се најде ниту со пребарување на Гугл. Во моментов, случајот е сè уште во мирување, а од Фејсбук нема одговор за негово решавање. |
| < I mëparshmi | Tjetri > |
|---|







