Насловна arrow Медиуми arrow Вистинска случка од Македонија: Отстрането видео од Јутјуб – повторно се објавува
Вистинска случка од Македонија: Отстрането видео од Јутјуб – повторно се објавува Испечати Е-пошта
2.22-vistinska-sluchka-od-makedonija---otstraneto-video-od-jutjub--povtorno-se-objavuva-intro.png Имиџот ни е важен на сите. Важно ни е што луѓето мислат за нас, како не доживуваат, што коментираат и дали не почитуваат. Со новите можности кои ги нуди интернетот, имиџот може да се подобри за миг, а ние можеме да станеме попопуларни и поинтересни за поголема група луѓе одеднаш. За жал, исто толку едноставно некој може да постави нешто на интернет заради кое луѓето можат да го сменат мислењето за нас. Ваков пример е следнава приказна.

Објавено во: Колибри, Нова Македонија
Датум на објавување: 20.04.2010, вторник

На јутјуб било објавено видео кое се состоело само од една слика во мирување, а на неа се гледаат едно момче и една девојка. Сликата и самото видео не биле ништо посебно, односно не биле навредливи, засрамувачки или несоодветни поради која било причина. Но, видеото било придружено со навредлив текст за девојката на сликата во врска со тоа дека неодамна останала бремена. Најпрво таа се обратила до Дирекцијата за заштита на личните податоци (ДЗЛП) и видеото било брзо отстрането, но потоа оној кој што го имал оригиналното видео, го поставил повторно под друго име. Овој пат, покрај девојката, реагирало и момчето бидејќи иако за него немало ништо директно навредливо, сепак, слика од него била јавно објавена во лош контекст.

2.22-vistinska-sluchka-od-makedonija---otstraneto-video-od-jutjub--povtorno-se-objavuva.png

Видеото било повторно пријавено до Јутјуб од страна на ДЗЛП, но оттаму немало постапка. Случајот не можел да оди до недоглед. Политиката за приватност на сервисот за споделување видеа Јутјуб, не вели дека корисникот кој постојано го поставувал видеото би требало да биде избришан.

Како можност за интервенирање, на двајцата прикажани на сликата, од Дирекцијата им посочиле дека можат да го проследат случајот до МВР за евентуално да се следи од која IP адреса корисникот постојано го објавува истото видео.
 
< Претходно   Следно >
Политика на приватност   Техничка имплементација - Фондација Метаморфозис
Joomla Templates by JoomlaShack Joomla Templates