| Вистинска случка од Македонија: Навреди за физички изглед преку група на Фејсбук |
|
|
Злоупотребите и нарушувањето на приватноста преку Фејсбук никако да престанат. Напротив, креативноста и идеите на луѓето за да прават злобни работи се повеќе се зголемуваат. Случки од ваков тип не ја заобиколуваат ниту нашата земја. Во продолжение прочитај ја приказната за малолетното девојче кое било навредувано преку Фејсбук од страна на друга тинејџерка од истото училиште. Објавено во: Колибри, Нова Македонија Датум на објавување: 13.04.2010, вторник
На фејсбук била отворена група за една млада малолетна девојка. Групата
содржела секакви навреди за нејзиниот физички изглед и стил на
облекување. Според законот, бидејќи се работи за малолетничка, таа
морала да го пријави случајот во Дирекцијата за заштита на личните
податоци (ДЗЛП) заедно со мајка и, која испратила известување за
ситуацијата и до фејсбук.
Дирекцијата не брише групи на фејсбук, но може да интервенира како државен орган и да побара отстранување на групата од самиот креатор на истата. Бидејќи во случајов, името на креаторот бил видлив, а преку линк можело да се стигне до нејзините податоци, вклучително и до имејл адресата, можело нешто да се направи. Откако од ДЗЛП се обратиле со известување до креаторката на групата, истата за кратко била отстранета. Ако си доживеал слична непријатна ситуација, или нешто вакво ти се случи во иднина, пријави го случајот до дирекцијата со испраќање на имејл до Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете Нивниот веб-сајт, каде покрај податоците за контакт, ќе најдеш и многу корисни упатства и мерки за зачувување на приватноста е dzlp.mk. Доколку пак сè уште си во основно училиште, не треба да отвораш профил на ваквите мрежи, посебно не без согласност од твоите родители. |
| < Претходно | Следно > |
|---|



