| Виртуелен свет за истражување и забава |
|
|
Поптропика е виртуелен свет за деца кој овозможува истражување и играње во комплетно безбедна средина. Секој месец, милиони деца од целиот свет се забавуваат и се информираат преку потрагите, приказните и игрите во поптропика. Ако сонуваш да патуваш насекаде низ светот, постојано да дознаваш нови нешта и да доживуваш возбудливи авантури, овој сајт може да биде одлично место за тебе, каде ќе можеш да го поминуваш слободното време.Објавено во: Колибри, Нова Македонија Датум на објавување: 06.04.2010, вторник
Можеш да си креираш сопствен виртуелен лик кој ќе го шеташ од остров на
остров, да го облекуваш во различна облека и да собираш специјален медал
секогаш кога успешно ќе завршиш некоја мисија. Всушност, ова е една
онлајн игра во која учествуваат самите корисници кои се натпреваруваат и
кои можат притоа меѓусебно безбедно да комуницираат.
Содржините на сајтот се наменети за деца на возраст од 6 до 15 години, а покрај бесплатните ограничени можности за истражување и забава, постои и опција за плаќање на месечен надомест за користење.
Поптропика е многу популарна онлајн средина за деца која брои 76 милиони
корисници од целиот свет. За да го искористиш целосно она што го нуди
овој сајт, ќе треба да знаеш да ги читаш пораките кои се појавуваат на
англиски јазик, но ова е одлична причина да им го претставиш сајтот на
родителите или на твојот постар брат или сестра, па заедно да патувате и
истражувате низ светот.
|
| < Претходно | Следно > |
|---|








