Насловна
Вистинска случка од Америка: Киднапирано петнаесет годишно девојче, по муабетење со непознат пар онлајн Испечати Е-пошта
2.14-vistinska-sluchka-od-amerika---kidnapirano-petnaeset-godishno-devojche-po-muabetenje-so-nepoznat-par-onlajn-intro.png Вистинската случка во денешниот број на „Колибри“ е пример за тоа колку големи опасности можат да произлезат од непретпазливо стапување во контакт со непознати луѓе на интернет, особено во собите за муабетење. Станува збор за петнаесет годишно девојче од Масачусетс, чие онлајн дружење со непознат пар, од нудење помош прераснува во злоупотреба. Случката е од 2002 година.

Објавено во: Колибри, Нова Македонија
Датум на објавување: 23.02.2010, вторник

Младата девојка била незадоволна од својот живот и сакала да побегне од дома. За ова, таа им се доверила на две непознати онлајн лица кои веднаш се понудиле да и помогнат. Во тој момент, таа ниту ги знаела, ниту помислувала на нивните скриени цели и планови. Непромислено, таа се сложила да се сретнат во еден трговски центар, па така ги запознала 41 годишниот маж и 46 годишната жена. Тргнувајќи со нив, таа брзо сфатила дека направила грешка, но било доцна за да направи нешто. Тинејџерката била однесена во домот на двајцата партнери во Лонг Ајленд, каде што ја држеле во плакар, постојано врзана со лисици и со јаже околу телото за да не може да мрда, а честопати и со превез врз очите за да не може ни да гледа. Таа била повеќе пати изложувана на физичко малтретирање и на сексуално злоупотребување. Во еден момент, била дури пренесена и кај трето лице од машки пол, кое ја злоупотребувало на сличен начин. И се заканиле по животот доколку не ги следи наредбите.

2.14-vistinska-sluchka-od-amerika---kidnapirano-petnaeset-godishno-devojche-po-muabetenje-so-nepoznat-par-onlajn.pngИзмачената тинејџерка успеала да воспостави телефонски контакт со својата другарка и со полицијата, но дури една недела по нејзиното киднапирање и откако злосторниците излегле и ја оставиле сама во куќата. Телефонските повици траеле кратко бидејќи двајцата злосторници брзо се вратиле. Преплашената и потресена тинејџерка била спасена со брза интервенција од полицијата, а злосторниците фатени и затворени. Соседите на парот злосторници со неверување ја примиле веста за монструозната случка.

Запомни дека сите луѓе на интернет, не ги ставаат моралот и етиката во преден план и не секогаш мора да си ти виновен за непријатната ситуација во која си се нашол. Животот на едно петнаесет годишно девојче е обележан со длабока и непреболна рана која остава трага на нејзиниот ментален и физички развој - сè заради едно обраќање до погрешни луѓе за погрешна работа.

Ако се најдеш во ситуација која те притиска или имаш некој проблем, обрати им се на твоите родители и најблиски или пак на специјализирани стручни лица од твоето училиште. Разговорот со оние кои се искрено загрижени за тебе може само да ти помогне да надминеш или решиш проблем. Обраќањето до луѓе кои ги запознаваш на интернет за помош, напротив, може да биде со ужасни последици врз твојот живот.
 
< Претходно   Следно >
Политика на приватност   Техничка имплементација - Фондација Метаморфозис
Joomla Templates by JoomlaShack Joomla Templates