Насловна
По случајот „пријателот на Џереми – онлајн намамување“: Предлози и совети од владата на Австралија (трет дел) Испечати Е-пошта
2.11-po-sluchajot-prijatelot-na-djeremi--onlajn-namamuvanje---predlozi-i-soveti-od-vladata-na-avstralija-iii-del-intro.png Редовните читатели на оваа рубрика веќе сигурно добро ја знаат приказната за Џереми од Австралија и за неговиот онлајн пријател, кој наместо негов врсник, излегло дека е возрасен маж. Вистинската случка зад оваа приказна завршува со позитивен крај, но не значи дека така би се случило во секоја друга ситуација. Затоа треба да бидеме многу претпазливи со кого комуницираме онлајн, да знаеме до кој степен можеме да им веруваме на онлајн пријателите и кога и како треба да постапиме доколку онлајн пријателот од другата страна на мониторот не повика на средба.

Во минатите 2 броја на Колибри пренесовме дел од предлозите на Австралиската влада за зголемување на безбедноста на младите на интернет и намалување на потенцијалните опасности преку зголемување на знаењето и свеста за истите. Во денешниот број завршуваме со последниот предлог.

Објавено во: Колибри, Нова Македонија
Датум на објавување: 26.01.2010, вторник

2.11-po-sluchajot-prijatelot-na-djeremi--onlajn-namamuvanje---predlozi-i-soveti-od-vladata-na-avstralija-iii-del.png


Последното нешто што го предлага австралиската влада е повторно да се прочита случајот на злоупотребеното момче од Австралија. Приказната можеш да ја најдеш на веб-сајтот www.crisp.org.mk. Потоа, секое дете во одделението треба да одбере партнер со кој ќе изработи есеј кој ќе даде одговори на следниве прашања:

  • Кои се поволностите кои ги нуди интернетот?
  • Неможноста да го препознае скриениот идентитет на злосторникот довела до грешка на момчето од Австралија. Како ти гледаш на случајот и каде мислиш дека погрешило момчето?
  • Каква лекција научи од примерот?
  • Што ти би сторил на неговото место?

Предложи ја оваа и претходните активности на твојот наставник, педагог или психолог во твоето училиште. Обидете се сите заедно да го разберете случајот на Џереми и да ги примените активностите кои беа предложени изминатите 3 броја.

Вистинска случка од Австралија: пријателот на Џереми – онлајн намамување
По случајот „пријателот на Џереми – онлајн намамување“: Предлози и совети од владата на Австралија (прв дел)
По случајот „пријателот на Џереми – онлајн намамување“: Предлози и совети од владата на Австралија (втор дел)
Врска до оригиналната сторија (PDF)
 
< Претходно   Следно >
Политика на приватност   Техничка имплементација - Фондација Метаморфозис
Joomla Templates by JoomlaShack Joomla Templates