Në fillim
По случајот „пријателот на Џереми – онлајн намамување“: Предлози и совети од владата на Австралија (втор дел) Printoni E-mail
2.10-po-sluchajot-prijatelot-na-djeremi--onlajn-namamuvanje---predlozi-i-soveti-od-vladata-na-avstralija-ii-del---intro.png Веројатно веќе ја имаш прочитано приказната за Џереми – момчето од Австралија кое мислејќи дека стекнатиот онлајн пријател е негов врсник, се доведе во многу опасна ситуација, која за среќа навреме беше сопрена од австралиската полиција. Во денешниот број, прочитај за втората мерка за зголемување на безбедноста на децата на интернет, што ја предлага австралиската влада, која ти треба да ја предложиш во твоето училиште. Потсети се и на првата мерка, која беше опишана во минатото издание на „Колибри“.

Објавено во: Колибри, Нова Македонија
Датум на објавување: 02.02.2010, вторник

Најпрво се формираат две поголеми групи во одделението кои треба да изработат листи со предлози за заштита од лажните претставувања во „собите за муабетење“, онлајн игрите и сајтовите за социјално вмрежување. На крајот, најдобрите предлози се издвојуваат на едно место.

2.10-po-sluchajot-prijatelot-na-djeremi--onlajn-namamuvanje---predlozi-i-soveti-od-vladata-na-avstralija-ii-del.png

Притоа, треба да ги имаш на ум следниве важни работи:

  • Избегнување на употреба на флертувачки имиња на профилите поради тоа што тие можат да предизвикаат непосакувано внимание.
  • Како да се пријави некој контакт во случај кога личноста која стои зад него поставува непријатни прашања?
  • Како да се справуваш со непосакуваните контакти?
  • Комуницирај со онлајн пријателите на отворени форуми и не прифаќај покани за приватно комуницирање!
  • Не прифаќај покани за средби со онлајн пријателите, без притоа да се сложи барем еден од твоите родители, кој исто така треба да присуствува на таквата средба, по можност на некое јавно место.
  • Ако ти или друго дете е во опасност, на пример си/е цел на некој онлајн грабливец – каде да го пријавиш случајот, го знаеш ли бројот на полицијата?
Заштита на личните податоци како што се: целосното име и презиме, адресата на живеење, возраста, бројот на мобилниот телефон и имејл адресата, како и локациите каде што некој може некој да те пронајде, како што се: училиштето, центарот за странски јазици што го посетуваш, спортскиот клуб во кој членуваш итн. Тука се подразбираат и фотографиите преку кои овие информации можат да се извлечат.
Откако сите заедно ќе учествувате во давањето предлози на овие теми и грижливо ќе го изберете најдоброто и најважното, договорете се за изработка на постер кој може да си го закачите во вашата училница. Ваков постер можеш да си направиш и за дома и да си го закачиш веднаш до компјутерот, па овие важни насоки секогаш да ти бидат на видик.


Продолжение...
 
< I mëparshmi   Tjetri >
Политика на приватност   Техничка имплементација - Фондација Метаморфозис
Joomla Templates by JoomlaShack Joomla Templates