Në fillim
По случајот „пријателот на Џереми – онлајн намамување“: Предлози и совети од владата на Австралија (прв дел) Printoni E-mail
2.9-po-sluchajot-prijatelot-na-djeremi--onlajn-namamuvanje---predlozi-i-soveti-od-vladata-na-avstralija-i-del---intro.png Во минатиот број на „Колибри“, раскажавме една вистинска случка за момче од Австралија кое било заведено од непозната возрасна личност преку интернет, а која се претставувала како негов врсник. Ако ја пропушти приказната тогаш, истата можеш да ја најдеш на www.crisp.org.mk, како и во онлајн изданието на „Колибри“ , а во овој број, како што ветивме, ќе можеш да прочиташ за мерките и предлозите кои ги изнесува австралиската влада во проектот за заштита на децата од интернет опасностите.


Објавено во: Колибри, Нова Македонија
Датум на објавување: 12.01.2010, вторник

Идејата на оваа програма е децата самите да можат да ги препознаваат опасностите кои можат да ги снајдат користејќи интернет, како да избегнат такви случувања, што можат да преземат доколку веќе им се случат вакви непријатности и кому да му се обратат. Главната цел на проектот е децата внимателно да ги употребуваат своите лични податоци и да внимаваат при користењето на „собите за муабетење“.  Програмата се состои од 3 меѓусебно поврзани активности, наменети за работа во училница. Истите се интересни, корисни, подразбираат дружење и муабетење, а на крајот сите имаат полза – повеќе разбирање за опасностите на интернет и знаење за нивно избегнување и отстранување.

2.9-po-sluchajot-prijatelot-na-djeremi--onlajn-namamuvanje---predlozi-i-soveti-od-vladata-na-avstralija-i-del.png


Пожелно е оваа програма да ја предложиш во своето училиште и заедно со твоите другари и со помош на наставниците или професорите, да ја спроведете. Програмата предвидува групна работа т.е. треба да формирате неколку групи од по 5-6 деца со цел меѓусебно да дискутирате на следниве теми:

  • Можеш  ли да познаеш дали оние со кои комуницираш онлајн се навистина тие кои се претставуваат?
  • Онлајн грабливците најчесто се претставуваат како твои врсници. Знаеш ли зошто тие го прават тоа?
  • Што можеш да сториш доколку некој прави да се чувствуваш непријатно користејќи интернет?

По дискусијата секоја од групите треба да одбере по еден член кои ќе ги претставува мислењата на целата група. Потоа, продолжете со дебата помеѓу сите групи. Ова треба да биде вака бидејќи темата е чувствителна и не секој поединечно ќе се чувствува слободно да говори за ваквите проблеми. Но, преку групната дискусија ќе се создаде позитивна атмосфера и чувство на безбедност и сигурност за изнесување на проблемите и размислувањата.

Ова е само прв дел од активностите кои ги предложува владата на Австралија. Предложи ги овие и ти во твоето училиште и не заборавај да ги следиш останатите два предлога во следните броеви на Колибри.


Продолжение...
 
< I mëparshmi   Tjetri >
Политика на приватност   Техничка имплементација - Фондација Метаморфозис
Joomla Templates by JoomlaShack Joomla Templates