| Рејлит – онлајн едукација и гарантирана забава за секое дете |
|
|
Во овој број на „Колибри“ ќе го претставиме многу забавниот и поучен веб-сајт „Рејлит“. Доколку си на возраст од 3 до 8 години и сакаш да ги развиеш твоите ментални и физички способности, овој веб-сајт ќе ти претставува интересно и многу корисно секојдневно доживување. Ако сето ова ти делува симпатично и корисно, за овој веб-сајт можеш да поразговараш со твоите родители и со нивна согласност и ти ќе можеш да станеш негов корисник и секојдневно да се дружиш со твоите нови пријатели Фиго, Лука и Клео. Објавено во: Колибри, Нова Македонија Датум на објавување: 24.11.2009, вторник Твоите нови јунаци ќе ти бидат водичи низ дневните сесии и при тоа тие
ќе те подучуваат и ќе ти помагаат да го рашириш твојот спектар на
знаења, градејќи те во здрава, снаодлива и интелигентна личност со
амбиции за успешна иднина.Сите насликани ликови имаат свој глас и при вежбите и игрите тие ќе ти се обраќаат преку твоето име. Сесиите се состојат од видео анимации, аудио-визуелни презентации, игри и задачи кои ќе успеат да те натераат да размислуваш, да ги развиваш своите способности, добро да се однесуваш и притоа ќе можеш да стекнеш основни навики кои ќе ти бидат потребни во текот на животот. Тие траат еден час и опфаќаат теми и типови на активности кои ќе ја подобрат твојата способност за анализирање, потоа, ќе можеш да напредуваш во полето на пишување и читање англиски јазик, работа со бројки и основна математика и широк спектар на други општи науки. Потребно е да знаеш дека овој сајт достапен преку адресата www.raylit.com и содржините на него се целосно бесплатни и одобрени од голем број психолози, педагози, учители и многу родители од целиот свет. Направи и ти свој профил на сајтот и почни да се забавуваш и учиш како и многу други деца во светот. |
| < Претходно | Следно > |
|---|



Твоите нови јунаци ќе ти бидат водичи низ дневните сесии и при тоа тие
ќе те подучуваат и ќе ти помагаат да го рашириш твојот спектар на
знаења, градејќи те во здрава, снаодлива и интелигентна личност со
амбиции за успешна иднина.