| Вистински случки од Македонија: Украден идентитет на интернет |
|
|
Интернетот сам по себе ни овозможува многу работи и пред да ја прочиташ приказната треба добро да го знаеш тоа и да не дозволуваш некој да ти кажува дека е поинаку. Сепак, тоа не значи дека е сосема безбедно место каде ништо не може да ни се случи. Како што ги избегнуваш опасностите на улица и внимаваш на себеси, исто така треба да внимаваш и додека си онлајн. Непријатни ситуации и лоши луѓе има секаде, па и во виртуелниот свет. Еве една вистинска случка која ја раскажува едно дете од Македонија.Објавено во: Колибри, Нова Македонија Датум на објавување: 10.11.2009, вторник Некој си отворил профил на веб-сајт за дружење и забава, какви што се фејсбук, хајфајв, мајспејс, пријатели и др. Ги пополнил празните полиња за претставување на личноста со секакви податоци. Освен името и презимето, оставил податоци за полот, возраста, бојата на очите, висината, тежината и местото на живеење, а прикачил и неколку фотографии. Јасно е дека овие податоци многу ја откриваат личноста и во некоj случај можат да предизвикаат проблем, посебно бидејќи е оставена информација за местото на живеење. Но, приказната не завршува тука. Тоа е всушност почетокот. Проблемот е во тоа што детето на кое се однесувале сите овие податоци не го креирало профилот. Тоа го направил некој друг. Тоа ниту се согласило, ниту знаело дека е креиран профил за него. Нормално, детето реагирало веднаш штом разбрало дека вакво нешто за него постои на интернет и се обратило до одговорните на веб-сајтот. Но, оттаму не ја добило очекуваната реакција. Бидејќи неговите лични податоци биле злоупотребени, решило да го пријави случајот во Дирекцијата за заштита на личните податоци, од каде успеале уште веднаш да издејствуваат бришење.
Секако, ова не е целосно решение, бидејќи додека профилот бил активен, некој можеби ги пресретнал овие податоци, што значи дека може и да ги злоупотреби во иднина. Затоа, треба да внимаваме колку кажуваме за себе и во реалниот живот, бидејќи штом тоа стане достапно онлајн, дури и кога не е таму засекогаш, може да остави траги многу долг период.
Ако си доживеал слична непријатна ситуација, или нешто вакво ти се случи во иднина, пријави го случајот до дирекцијата со испраќање на имејл до Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете Нивниот веб-сајт, каде покрај податоците за контакт, ќе најдеш и многу корисни упатства и мерки за зачувување на приватноста е dzlp.mk. |
| < Претходно | Следно > |
|---|


