| Француската влада забрани рекламирање мобилни телефони на деца |
|
|
|
Поради зголемени стравувања дека мобилните телефони може да
предизвикаат рак и други заболувања, во Франција ќе се воведат нови
закони против употребата на мобилни телефони од страна на децата.
Поради зголемени стравувања дека мобилните телефони може да
предизвикаат рак и други заболувања, во Франција ќе се воведат нови
закони против употребата на мобилни телефони од страна на децата.
Сите реклами на мобилните уреди за децата под 12 години ќе се забранат согласно легислативата објавена минатата недела од министерот за животна средина, Жан-Луј Борло – а тој исто така ќе има овластување да ја забрани продажбата на сите телефони дизајнирани за употреба од страна на деца под шест години.
Француската влада исто така ќе воведе нови ограничувања за радијацијата од мобилните телефони како и прописи за задолжителна продажба на телефоните во комплет со слушалки, за да се избегне озрачување на главите и мозоците на корисниците. Минатиот месец, еден од најголемите француски градови започна рекламна кампања против употребата на мобилни телефони од страна на децата. За да го прочитате целосниот извештај на The Independent објавен во неделата, кликнете овде.
|
| < I mëparshmi | Tjetri > |
|---|






