Në fillim
Уште 5 други скопски училишта добија едукации Printoni E-mail
uste-5-novi-ucilista-mala.png
 
Помеѓу скопските училишта опфатени со едукација во месец октомври, беа и основните: „Љубен Лапе“, „Христијан Тодоровски Карпош“, „26 јули“ и „Јоаким Крчоски“, како и средното „Георги Димитров“. Едукатори кои независно работеа во овие училишта беа Татјана Јаневска, Ирина Шумадиева и Насер Мифтари.

Во „Љубен Лапе“ се реализираа вкупно 10 едукации со кои беа опфатени сите целни групи. 6 едукации беа одржани за вкупно 182 деца. Групите се формираа со избор на деца од сите одделенија од иста генерација. Генерациски беа опфатени учениците од трето и четврто одделение, како и трето-одделенците од деветолетка. Вкупно 27 наставници присуствуваа на двете едукативни средби организирани за нив и 16 родители на преостанатите две договорени едукации.

За ова училиште карактеристична е реакцијата на децата кои по одржаните едукации, им раскажувале дома на своите родители за новините кои ги научиле претходно во текот на денот. Иако овде се работеше со деца на помала возраст, забележано беше високо ниво на запознаеност со термините, но не и со самите опасности на интернет.

Наставниците генерално беа свесни за опасностите и сметаат дека со проектот на владата „Компјутер за секое дете“, треба да биде обезбеден и соодветен софтвер за заштита, како и луѓе кои ќе бидат одговорни за правилното функционирање на компјутерите и за работата со самиот софтвер.

Кај родителите највпечатлива беше заинтересираноста за софтверите за родителска контрола, а особено кај оние технички понеобразованите. Посебно се замислија за поставувањето на домашните компјутери во детските соби. Главно можеше да се забележи будење на свеста во врска со прашањата за безбедност на нивните деца на интернет.

Сите ученици на едукациите добија печатени примероци од повелбата за правата на децата на интернет, како и од летокот, додека оригиналните примероци од сите материјали му беа предадени на одговорниот наставник.

Во „Христијан Тодоровски Карпош“ се реализираа едукации за учениците од трето, четврто и петто одделение. Учество земаа 150 ученици. Од наставниците, на едукациите присуствуваа 22, додека за родителите едукација не се реализираше.
 
karpos-1-mala.png
karpos-2-mala.png
karpos-3-mala.png
karpos-4-mala.png
karpos-5-mala.png
 
Забележана беше голема заинтересираност од страна на наставниците. Децата пак покажаа знаење за опасностите на интернет, но за повеќето, информациите беа сепак нови.

Соработката со директорот на училиштето започна добро, но потоа се расипа. Средбата со родителите беше договорена и закажана, но директорот истата подоцна ја откажа.

Едукациите во двете училишта ги организираше и спроведе Татјана Јаневска.

Средното училиште „Георги Димитров“ доби вкупно 14 едукации, од кои 2 за наставниците, а останатите за учениците од прва, втора и трета година. Едукацијата за родителите не се реализираше, но малиот број родители кои покажаа заинтересираност за темата, добија водичи.
 
Беа опфатени 3 одделенски класа од прва година и по четири од другите две генерации. 98 ученици од прва година ги проследија едукациите, 136 ученици од втора и 132 од трета година, односно тоа се вкупно 366 ученици на ниво на целото училиште.

Едукациите течеа одлично, организацијата беше добра и се сè одвиваше плански и навремено. Во улога на едукатор на сите едукации во ова училиште беше Ирина Шумадиева.

Едукаторот Насер Мифтари ги спроведе едукациите во основното училиште „26 јули“, каде истово го работеше и во мај, додека во „Јоаким Крчоски“ едукациите кои ги спроведе беа организирани за првпат во ова училиште.

Првите 5 едукации во „26 јули“ ги проследија 3 групи ученици од петто одделение на кои присуствуваа вкупно 91 ученик, една група со наставниците која се состоеше од 16 присутни и една за родителите од кои дојдоа 23.

Во рамките на вториот пакет едукации во ова училиште се организираа средби само со учениците, и тоа од петто и шесто одделение. 160 ученици учествуваа на овие 5 едукации.
 
3 дополнителни едукации се изведоа во ова училиште на кои учество земаа 79 ученици.

Вкупниот број на опфатени ученици во сите едукации во ова училиште изнесува 330.
 
naser.png

Во училиштето „Јоаким Крчоски“ се работеше со ученици од петто, шесто, седмо и осмо одделение, при што вкупно 73 се запознаа директно со проблематиката. Едукациите за возрасните опфатија 17 родители и 9 наставници.
 
< I mëparshmi   Tjetri >
Powered by Joomla!   Implementation by Metamorphosis
Joomla Templates by JoomlaShack Joomla Templates