Насловна
Извештај од новите реализирани едукации од страна на „Отворете ги прозорците“ Испечати Е-пошта
otw-intro-mala.png
Во октомври, кон процесот на едукација и подигнување на свеста за побезбедно користење на интернетот, помеѓу децата, родителите и наставниот кадар, се приклучија и две претставнички од „Отворете ги прозорците“ кои работеа во улога на едукатори: Радмила Стојковска и Маргарита Гулевска. Тие ги опфатија двете скопски основни училишта: „Димо Хаџи Димов“ и „Лазо Трповски“.

Во училиштето „Димо Хаџи Димов“ се реализираа вкупно 5 едукации, и тоа по 2 за учениците и родителите и 1 за наставниците. Вкупно 24 ученици ја проследија едукацијата, 20 наставници и 33 родители.
 
Едукациите во ова училиште имаа карактер на интерактивни работилници. Постојано се водеше дискусија, беа изработени постери, се направи драматизација и се разгледуваа случаите презентирани на минатите работилници. Родителите и наставниците се надоврзуваа со свои коментари и примери од секојдневието.
 
Инсерти од изработката на едукативни постери
 
 
dimo-roditeli-1-mala.png
dimo-roditeli-2-mala.png

Изјава од родител на ученик во ОУ „Димо Хаџи Димов“: Презентацијата беше прекрасна и на високо ниво. Мислам дека беше корисна како за родителите, така и за децата. Ние како родители на деца и ученици кои го користат интернетот, со оваа презентација се запознавме како можеме да ги заштитиме нашите деца од негативните влијанија на интернетот. Советите ни ги отворија прозорците кон новите можности во компјутерската технологија.
 
По завршувањето на едукациите, на дел од наставниците и родителите им беа поделени примероци од водичот, додека примероците од постерот и брошурата им беа доделени на наставниците кои раководат со младинската организација во која членуваат учениците присутни на едукацијата. Материјалите потоа се разгледувани заеднички со сите ученици, оние кои учествуваа на едукациите и оние кои не учествуваа.

Изјава од наставник во ОУ „Димо Хаџи Димов“
 
 
Во ова училиште, едукатор беше Радмила Стојковска.

Во Лазо Трповски пак, едукациите ги спроведе Маргарита Гулевска. Се одржаа 3 едукации за ученици и по 1 за наставници и родители. При тоа, беа опфатени 47 ученици, 12 наставници и 23 родители. 
 
Изјава од ученичка во ОУ „Лазо Трповски“
 
 
Едукативните материјали беа оставени за училиштето за да им бидат на располагање на повеќе ученици, родители и наставници, додека децата и самите изработија едукативни постери за во нивните училници. Сите 5 едукации поминаа во најдобар ред, се разви добра комуникација со сите целни групи. По одржаните едукации за наставниците и родителите се разви поширока дискусија што покажа дека темата буди голема заинтересираност.
 
 lazo-nastavnici-mala.png  lazo-roditeli-2-mala.png
 
Изјава од родител на ученик во ОУ „Лазо Трповски“
   
 
< Претходно   Следно >
Powered by Joomla!   Implementation by Metamorphosis
Joomla Templates by JoomlaShack Joomla Templates