Насловна arrow Вести arrow Уште 3 училишта во Кавадарци добија едукација за внимателно користење на интернетот
Уште 3 училишта во Кавадарци добија едукација за внимателно користење на интернетот Испечати Е-пошта
kavadarci-intro-mala.png
Гимназијата „Добри Даскалов“, како и основните училишта „Тоде Хаџи-Тефов“ и „Димката Ангелов - Габерот“ во Кавадарци, се здобија со едукација за вешто, внимателно и безбедно користење на интернетот во текот на изминатиот месец. Беа опфатени голем број на ученици во сите училишта. Работата на едукатор, како и во првата фаза, и овој пат ја имаше Гордана Богева.

Во гимназијата се одржаа 6 едукации, 4 за учениците и по 1 за родителите и наставниците. 312 ученици беа опфатени со едукациите, 27 наставници и 22 родители.

Во „Тоде Хаџи-Тефов“ се одржаа вкупно 5 едукации на кои учество земаа 188 ученици, 20 наставници и 26 родители.

Во „Димката Ангелов - Габерот“ 101 ученик се здоби со знаење за побезбедно користење на интернет, 24 наставници, како и 19 родители.

tode-1-mala.png
tode-2-mala.png
tode-3-mala.png
tode-4-mala.png
tode-5-mala.png
tode-6-mala.png
tode-7-mala.png
tode-8-mala.png

Во сите училишта, наставниците и родителите добија водич за безбедно користење на интернет, додека децата добиваа примероци од останатите едукативни материјали издадени во рамките на проектот.
 
Во продолжение можете да прочитате неколку изјави од учесниците на обуките.
 
Изјава од ученичка од осмо одделение: По мое мислење, ова предавање беше корисно за нас и нашата безбедност. Треба максимално да бидеме одговорни при користењето на интернетот за да бидеме заштитени од злоупотреба.
 
Изјава од ученичка од осмо одделение: Мене ова предавање за интернет ми беше многу убаво и научив како може да се биде злоупотребен на интернет.
 
Изјава од ученичка од седмо одделение: Предавањето беше одлично и многу поучно. Ми беше големо задоволство што присуствував. Извлеков голема поука која многу ќе ми послужи во користењето на интернетот. Веќе нема на никој на интернет да ги оставам своите лични податоци, нема да се доверувам на никој за своите проблеми и ред други работи. Благодарам за сите извлечени поуки и ветувам дека ќе ги применувам во секојдневниот живот.
 
Изјава од педогогот од училиштето „Добри Даскалов“: Предавањето што имав можност да го слушнам од страна на професорката по информатика, Гордана Богева, беше навистина корисно и интересно.

Дознавме и научивме многу работи за интернетот, а добро беше и тоа што на крајот од предавањето секој наставник доби водич со најважните информации.

Предавачот беше навистина добар и пријатен за следење, а воедно и со многу солидни познавања од нејзината област. Ми се допадна и изработеноста на презентацијата во PowerPoint, на која имаше и некои анализи (статистики).

Исто така ми се допадна тоа што ова предавање беше организирано и за учениците и родителите. Но, сметам дека мал дел (број) од учениците и родителите беа информирани за ова. Па се надевам дека во блиска иднина предавачот кој вешто и стручно ни ја објанси темата, ќе дојде повторно во гимназијата за да може сите ученици и родители да го слушнат истото.

 
< Претходно   Следно >
Powered by Joomla!   Implementation by Metamorphosis
Joomla Templates by JoomlaShack Joomla Templates