Насловна arrow Вести arrow Едукации во Делчево и Македонска Каменица
Едукации во Делчево и Македонска Каменица Испечати Е-пошта
delcevo-intro-mala.png
 
Во октомври, се реализираа едукации за безбедно користење на интернет од страна на децата во едно делчевско училиште, едно во селото Тработивиште, делчевско, како и во едно училиште во Македонска Каменица. Едукациите ги реализираше Нејат Демировски од ПХУРТ – Делчево.

Во сите 3 училишта се реализирани по 3 едукации, на кои присуствуваа учесници од сите целни групи кои се опфатени со проектот. Едукативните материјали беа презентирани и разгледувани за време на едукациите, додека потоа оставени во училишната библиотека или кабинетот по информатика.

Во делчевското основно училиште „Св Климент Охридски“, учество на организираните едукации зедоа вкупно 65 учесници од сите целни групи, од кои по 10-ина беа наставници и родители, а останатите ученици.
 
delcevo-1.png

Изјава од родители на ученици од ОУ „Св. Климент Охридски“: 1. Мојот помал син ( 5 одд.) повеќе денови излегуваше од дома, а не ми кажуваше каде ќе оди. Се задржуваше повеќе отколку во претходниот период кога ќе излезеше. Еден ден, по неговото излегување, јас тргнав по него и го следев. Влезе во една колонијална продавница во маалото. Го чекав оддалечена некое време, но бидејќи се задржа и јас влегов во продавницата. Но, во истата немаше никој освен продавачот. Во исто време слушнав џагорење во другиот крај од продавницата и се упатив таму, а продавачот се вознемири. Кога влегов зад преградата, таму имаше неколку компјутери и пред нив беа седнати повеќе деца скоро на иста возраст. Гледаа порно филм. Се стаписав, не знаев како да реагирам, па го фатив детето и на поминување му се обратив на продавачот: „како смеете на мали деца да им пуштате да гледаат вакви работи?“, а тој ладно ми одговори: „па тие самите бараат“. Отидовме дома со детето и почнав да го распрашувам од кога тоа се случува. Ми рече дека тоа е од поодамна и дека на продавачот сите му плаќаат по 20 денари. Наредниот ден отидов во продавницата и разговарав со продавачот за да го прекине тоа со децата. Ми вети. Моето дете веќе не оди таму, го гледам дека со другарчињата си играат фудбал, возат велосипеди или нешто друго, но сепак го надгледувам и проверувам.

2.
Имам два сина. Поголемиот многу често беше пред компјутерот и знаев дека комуницира со некој. Мислев дека е со другарите или со некој од роднините од другите градови. Заврши средно и замина во Скопје на факултет. Еден викенд си дојде во Делчево и ни кажа дека подолго време комуницира со некоја девојка од Канада и дека таа му ги испратила потребните документи за и тој да замине таму. Разговаравме иако бевме изненадени од сето тоа. Ни ја покажа на слика, само главата, но претпоставував дека е полничка (дебела). На крајот иако со татко му не се сложувавме со неговата одлука, сепак му дадовме пари и тој замина. Ни се јави од Канада и ни кажа дека се венчал со девојката и дека за два месеца ќе дојдат во Македонија. Бевме нестрпливи да ја видиме снаата. Кога пристигнаа се фрапиравме, но не го покажавме тоа, беше огромна, предебела, но рековме дека ако нашиот син ја сака и ние ја прифаќаме. Разговаравме со него и тој ни рече дека не знаел дека е толку дебела, бидејќи се запознале преку интернет и таа му праќала други слики, па и на другарки слични на неа. Во Македонија т.е. во Делчево беа десетина дена. Не излегуваа. Претпоставувам дека таа се срамеше бидејќи во нашата средина нема толку дебели луѓе (камо ли млади). Заминаа за Австралија, таму беа нејзините родители. Синот се јавуваше, а секоја вечер разговаравме по интернет и го гледав преку камера, (помалиот син сето тоа го монтираше и ме приклучуваше, често пати се смеевме бидејќи јас ништо не знаев за компјутерите). По некое време кога разговаравме ми рече дека доаѓа за Македонија. Кога пристигна ни кажа дека се развеле со девојката. Дома беше скоро два месеца, а потоа пак замина за Австралија. Сега не е женет, живее сам и работи.

Основното училиште „Борис Кидрич“ во с. Тработивиште опфати 34 учесници на едукациите, меѓу кои 5-6 беа наставници, 8 - родители, а останатите ученици, додека во училиштето „Кирил и Методиј“ во Македонска Каменица, едукацијата ја проследија 52 ученици, родители и наставници. Меѓу нив имаше 2-13 наставници и 10 родители.
 
Изјава од наставник од ОУ „Св. Кирил и Методиј“: Децата и пред училиште и по училиште одат да играат на компјутери, ова не е од едукативен карактер и не ги насочува децата кон едукација. Згора на тоа, ова ќе им влијае на видот, се заморуваат и целото нивно слободно време го трошат на играње игри. Децата треба да се насочат кон други активности и секако времето што го трошат на компјутерите барем да се искористи и за други цели. Ние мораме да им ги покажеме и добрите и лошите страни на компјутерите. Секако не треба целосно да ги оттргнеме од нив, туку само да ги насочуваме за нивен подобар развиток и нивна социјализација.   
 
< Претходно   Следно >
Powered by Joomla!   Implementation by Metamorphosis
Joomla Templates by JoomlaShack Joomla Templates