Faqja e parë arrow Lajme arrow Со новите едукации во Куманово се опфатија 6 училишта
Со новите едукации во Куманово се опфатија 6 училишта Printoni E-mail
kumanovo-intro-mala.png Во октомвриската фаза од спроведувањето на едукациите за безбедно користење на интернет од страна на децата, беа опфатени вкупно 6 училишта, 4 во кои наставата се изведува на македонски јазик и 2 во кои наставата се изведува на албански. Во четирите македонски училишта едукациите ги изведоа Маргарита Аврамовска и Зоран Стефановски, додека за албанските задолжен беше Реџаиљ Али.


Во оваа фаза, беа опфатени 4 кумановски основни училишта со македонски наставен јазик. Во сите се реализираа по вкупно 5 едукации, и тоа по 3 за учениците и по 1 за наставниците и родителите. Едукативните материјали во сите училишта беа дадени во училишните библиотеки.

Во основното училиште „Браќа Миладиновци“, со едукација беа опфатени 89 ученици, 19 наставници и 20 родители. Наставниците беа задоволни од едукациите и изјавија дека стекнатото знаење ќе им помогне во секојдневната работа. Интересно е што по спроведените едукации со учениците, тие ги пренесувале своите импресии, поради што е забележан зголемен интерес за оваа тема и желба за проследување на вакви едукации и од страна на останатите ученици.

Директорот на ова училиште, сметајќи дека обуките се корисни, ја овозможи техничката реализација на едукациите во сите 4 училишта во Куманово.

braka-1-mala.png
braka-2-mala.png
braka-3-mala.png
braka-4-mala.png
 
Во училиштето „Крсте Петков Мисирков“, со едукациите беа опфатени 60 ученици и по 20 родители и наставници. Едукацијата со родителите поттикна дискусија, за време на која некои раскажуваа свои лични искуства, како и искуства на нивните деца. И самите ученици беа многу заинтересирани и внимателни за време на едукациите, развиваа дискусии и споделуваа искуства.

krste-1-mala.png
krste-2-mala.png
krste-3-mala.png
krste-4-mala.png
 
Во училиштето „Толи Зордумис“, едукациите ги проследија 60 ученици, 24 наставници и 20 родители. Родителите по самата обука која ја проследија со голем интерес, развија дискусија и поставуваа технички прашања  за заштита на нивните деца на интернет. Директорот изрази интерес и благодарност, сметајќи дека за ова училиште вакви и слични обуки се повеќе од потребни и корисни заради унапредување на наставата и наставниот кадар. Тој и самиот присуствуваше на обуката со родителите.

toli-1-mala.png
toli-2-mala.png
toli-3-mala.png
toli-4-mala.png
 
Во „Христијан Тодоровски Карпош“ пак, на едукациите учествуваа вкупно 70 ученици, 20 наставници и 18 родители. Родителите изразија грижи и стравувања за своите деца како и немоќ постојано да ја следат технологијата и да ги контролираат децата, бидејќи и самите се презафатени.

karpos-1-mala.png
karpos-2-mala.png
karpos-3-mala.png
karpos-4-mala.png
 
Од албанските училишта беа опфатени основното „Бајрам Шабани“ и средното „Наце Буѓони“. По 3 едукации се реализираа за учениците и по 1 за наставниците и родителите. Во секое од училиштата, учество на едукациите земаа по 60 ученици, 20 наставници и 20 родители.
 
 
Албанските училишта, како и едно од македонските, беа опфатени и во првата фаза од спроведувањето на едукациите, но овој пат беа организирани нови групи учесници.
 
< I mëparshmi   Tjetri >
Политика на приватност   Техничка имплементација - Фондација Метаморфозис
Joomla Templates by JoomlaShack Joomla Templates