Faqja e parë arrow Lajme arrow Едукации за безбедно користење на интернет и во Велес
Едукации за безбедно користење на интернет и во Велес Printoni E-mail
veles-intro-mala.png
На 21-ви и 22-ри октомври, едукации за безбедно користење се одржаа и во градот Велес. За разлика од другите градови каде се одржуваа вакви едукации и во текот на минатата учебна година, овде се одржаа за прв пат. Беа опфатени 4 училишта, две основни и две средни. Едукациите ги спроведоа координаторите на проектот Ирина Шумадиева од Метаморфозис и Татјана Јаневска од Меѓаши.


Првиот ден се реализираа едукации во двете основни училишта „Кирил и Методиј“ и „Васил Главинов“.

Едукациите во првото училиште ги проследија 90 ученици, 30 од осмо и 50 од седмо одделение. Покрај трите едукации за учениците, се одржа и една за наставниците која ја проследија вкупно 15. Постер и леток доби секое дете, брошурите и беа дадени на наставничката по информатика, додека примероци од водичот добија сите наставници кои ја проследија едукацијата.

Kiril 1 mala.jpg
Kiril 2 mala.jpg
Kiril 3 mala.jpg
Kiril 4 mala.jpg
 
Во „Васил Главинов“ пак се одржаа 4 едукации за ученици и истите ги проследија вкупно три наставнички. Беа опфатени околу 100 деца од 4 различни одделенија кои исто така се здобија со примероци од едукативните материјали. Водичите и брошурите беа оставени во компјутерската училница во училиштето каде се изведуваат часовите по информатика.
 
Vasil 1 mala.jpg
Vasil 2 mala.jpg
Vasil 3 mala.jpg
Vasil 4 mala.jpg
 
Вториот ден се реализираа едукациите во средните училиште.

Во средното училиште „Коле Неделковски“ учество земаа 89 ученици, дел од нив од прва година, дел од трета. На средбата за наставниците учество земаа 18. Водичите и брошурите се дадени на професорот по информатика, додека постери се залепени на повеќе места во училиштето.
 
Kole 1 mala.jpg
Kole 2 mala.jpg
kole-3-mala.png
kole-4.png-mala.png
 
Во гимназијата „Кочо Рацин“, едукации се реализираа за учениците од втора година. 104 ученици беа дел од овие едукации. Средбата за наставниците се одржа за време на големиот одмор и истата ја проследија околу 30.
 
koco-1-mala.png
koco-2-mala.png
koco-3-mala.png
koco-4-mala.png
 
Од 18 часот истиот ден беше закажана средба за родители на која беа поканети сите заинтересирани, со известување директно во училиштата и преку медиумите. За жал, на средбата се појавија само 4 родители, но самата презентација помина одлично, потоа се разви темелна дискусија, а особено беше корисно што двајца од присутните кои како учесници на презентацијата беа во улога на родители, се истовремено и наставници по информатика во училишта кои не беа опфатени со едукација. Тие се нафатија самите да ги проследат информациите за безбедното користење на интернет до учениците и останатите наставници во овие училишта.
 
roditeli.png
 
Едукацијата ја реализираше Ирина Шумадиева од Метаморфозис. На оваа средба присутни беа и координаторот на проектот од Меѓаши Татјана Јаневска, како и Лилјана Цекиќ Лазоровска - одговорна за финансиите во проектот.
 
< I mëparshmi   Tjetri >
Политика на приватност   Техничка имплементација - Фондација Метаморфозис
Joomla Templates by JoomlaShack Joomla Templates