|
Едукации за безбедно користење на интернет во Тетово |
|
|
|
Во октомври беа спроведени нови едукации за безбедно користење на интернет од страна на децата во 3 тетовски училиште. Едукациите ги спроведе Џаније Исеини, соработник во проектот. Беа опфатени двете основни училишта „Лириа“ и „Кирил и Методиј“, како и средното економско училиште „8 септември“.
Во основните училишта беа одржани по 3 едукации за учениците и по 1 за наставниците и родителите. Па така, во „Лириа“ едукација проследија 106 ученици од петто одделение, 6 наставници и 4 родители, додека во „Кирил и Методиј“ 80 ученици од шесто и седмо одделине, 7 наставници и 13 родители. Во средното училиште се одржаа 6 едукации за учениците на кои учество земаа вкупно 189, додека на останатите 2 едукации учествуваа 6 наставници и 5 родители.
Изјава на ученик од ОУ „Лириа“: Повеќе време минувавме на интернет,
односно на мсн без да ги знаеме негативните страни за овие онлајн
комуникативни веб страници, иако наставничката неколку пати ни рече да
бидеме внимателни кога сме на интернет. Но, од оваа едукација научивме
многу и за негативните и за позитивните страни на интернет и ќе бидеме
внимателни со сите податоци што ги пишуваме кога сме онлајн. Исто така
бевме упатени да користиме и неколку корисни веб страници.
|
Родителите на учениците кои учат во „Лириа“ покажаа голема заинтересираност на средбата и бараа дополнителни совети после самата едукација.
|
Изјава од родители од ОУ „Кирил и Методиј“: 1. Оваа едукација ќе ми
помогне да ги упатувам моите деца само на позитивните страни на
интернет и бидејќи сум на работа, ќе ја инсталирам програмата што е во
брошурата за да го ограничам онлајн времето што тие го поминуваат на
интернет.
2. Оваа едукација навистина ќе ми помогне за да можам да ги контролирам децата кога се на интернет.
|
Изјава од професор во „8 септември“: Јас лично имав потреба од ваква
едукација и ваква брошура. Се надевам дека и во иднина ќе имаме вакви
едукации.
|
Едукациите се реализираа на албански јазик во периодот од 14-ти до 17-ти октомври. Материјалите во сите училишта се распределени за време на едукациите, додека постерите се залепени на повеќе места низ училиштата.
|